Благородна Дулиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благородна Дулиќ
Роден(а)18 април 1941
Кочани,  Кралство Југославија денес Македонија Македонија
Починал(а)7 мај 2019
Скопје, Македонија Македонија
НационалностМакедонка
Занимањеполитичар

Благородна Дулиќ (Кочани, 18 април 1941 - Скопје, 7 мај 2019) — македонска судијка и политичарка, како и пратеничка во Собранието на Македонија во повеќе мандати од 2006 до 2014 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Дулиќ е родена на 18 април 1941 година во Кочани. Завршила Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Била пратеничка во повеќе наврати во Собранието. Паралелно со тоа била и член во неколку парламентарни комисии како претседател на Законодавно-правната комисија, заменик претседател Комисијата за прашања на изборите и именувањата, член на Комисијата за уставни прашања, член на Пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, член на Пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, член Пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора. Дулиќ била и член на Републичкиот судски совет, судија на Врховниот суд и Стопанскиот суд на Македонија. Починала на 7 мај 2019 година во Скопје.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Почина поранешната пратеничка Благородна Дулиќ“. Архивирано од изворникот на 2022-04-24. Посетено на 2019-05-15.