Кларинет: Разлика помеѓу преработките

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 10 бајти ,  пред 12 години
с
Бот: козметички промени
с (Бот: козметички промени)
'''Кларинет''' (скратено Cl.) е дрвен [[дувачки инструмент]] со единечно (просто) јазиче од трска.
 
== Градба ==
Почетниот дел му е усник, во облик на клун, на чија рамна страна, преку влезниот отвор на цевката, притиска јазичето, на долниот крај зацврстено со метален обрач со завртка.
 
Со обѕир на сето ова, меѓу дувачките инструменти кларинетот е најразновиден, па и во оркестрите често му се доделуваат истакнати улоги, а солистичката литература е многу богата. Тој наоѓа места во камерните ансамбли, претставува водечки мелодиски инструмент во дувачките оркестри, а посебно значајна улога има во [[џез]]от.
 
== Историјат ==
Најдалечното потекло на кларинетот допира до инструментите со јазиче од трска – во [[стара Грција]] (аулос), па и порано, во [[Стар Египет|Египет]] и на други места. Современиот кларинет се развил кон крајот на 17. век, со усовршување на еден вид [[шалмај]]. Веќе во 18. век (пример, кај [[Моцарт]]) е богато користен, а влегол и во класичниот оркестарски состав. Технички е усовршен во текот на 19. век, кога многу го користеле композиторите [[Романтистичка музика|романтичари]]. Во [[Македонија]] музички дела за кларинет пишувале повеќе композитори, меѓу кои најпознати се делата за оркестарски и соло кларинет на [[Тома Прошев]], [[Димитрије Бужаровски]], [[Томислав Зографски]], [[Панде Шахов]] и други.<ref>[http://www.socom.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=300%3A2009-04-02-16-43-18&catid=&Itemid=89 СОКОМ]</ref>
 
== Основни видови ==
Кларинетот се гради во три основни регистерски облици: B Кларинет (Clarinetto in Si♭) кој звучи за голема секунда пониско од запишаното, A Кларинет (Clarinetto in A) кој звучи за мала терца пониско од запишаното, и поретко користениот C Кларинет (Clarinetto in Do) кој звучи како што е запишано.
 
== Други видови ==
Освен основните три облици, кларинетот се јавува и во облик на мали кларинети кои се градат во повеќе регистерски облици: in Eb кој звучи за мала терца повисоко од напишаното, in A♭ кој звучи за мала секста повисоко, in F кој звучи за кварта повисоко и in D♭ кој звучи за мала секунда повисоко. Сите овие кларинети се чести во проширеното семејство на кларинети, како што е случај во воените оркестри, а поретко во класичната музика (сепак, [[Рихард Штраус]] во операта Електра ги бара следните кларинети: 1 Cl. in E♭, 4 Cl. in B, 2 Cl. contralti (basethorn), 1 Cl. basso).
 
Сепак, најчест регистерски облик на кларинет, кој се наоѓа во класичните оркестри, е бас кларинетот.
 
== Извори ==
{{reflist}}
 
[[ru:Кларнет]]
[[scn:Clarinu]]
[[sr:Кларинет]]
[[sh:Klarinet]]
[[simple:Clarinet]]
[[sl:Klarinet]]
[[sr:Кларинет]]
[[sv:Klarinett]]
[[ta:கிளாரினெட்]]
941.847

уредувања

Прегледник