Бакарно време: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с Бот додава Шаблон: Без извори |
с Бот: козметички промени |
||
Ред 14: | Ред 14: | ||
{{археологија-никулец}} |
{{археологија-никулец}} |
||
== Надворешни врски |
== Надворешни врски == |
||
*[http://www.musmk.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=102:eneolit&catid=71:arheologija&Itemid=105 Енеолит] |
* [http://www.musmk.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=102:eneolit&catid=71:arheologija&Itemid=105 Енеолит] |
||
<!--ВАЖНО: Не додавај овде [[Категорија:Археологија|*]], бидејќи тоа е надкатегорија на категориите наведени подолу--> |
<!--ВАЖНО: Не додавај овде [[Категорија:Археологија|*]], бидејќи тоа е надкатегорија на категориите наведени подолу--> |
||
[[Категорија:Периоди во археологијата]] |
[[Категорија:Периоди во археологијата]] |
||
[[Категорија:Праисторија]] |
[[Категорија:Праисторија]] |
Преработка од 18:34, 11 април 2010
Енеолитот, или Бакарното доба го опфаќа периодот од 4.500 - 2000 год. пред н.е.
Првите сознанија за овој период, археолошките ископувања и истражувања во Република Македонија, биле извршени пред повеќе од педесетина години. Тогаш за прв пат е констатирана енеолитската населба на Скопското Кале, неколкуте во Пелагонија, како: Шуплевец, Бакарно Гумно, Црнобуки, Висок Рид, Горни Висои, Крушеанска Чука, Тумба-Карамани. Во охридско-преспанскиот регион се регистрирани две населби: Устие на Дрим и "Црквени Ливади". Во поново време во кумановско, констатирана е енеолитска населба на Костоперска Карпа, "Жеглиговски Камен", во скопско "Врањак", во делчевско "Градиште" кај с. Град, а во кочанско "Пилаво".
Археолозите се согласни регионалната културна група во Македонија да ја наречат Шуплевец-Бакарно Гумно, која што хронолошки се вклопува во пошироки територијални рамки, во културниот комплекс Бубањ-Салкуца-Криводол.
Од сите наведени локалитети презентирани се 160 експонати движен археолошки материјал во салите на Музејот на Македонија. Тоа се разновидни керамички садови, алатки изработени од бакар, коска, камен, кремен, глинени тегови и прешлени, амајлии, накит од школки, зооморфни и антропоморфни фигурини, пинтадери и друго. Документацијата и преостанатиот материјал се чуваат во Музејот.
За енеолитот во Македонија објавени се повеќе статии во наши и странски стручни списанија, а основните податоци може да се добијат од Археолошката карта на Македонија бр. 1 и бр. 2.
Оваа статија поврзано со археологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |