Ресул Шабани: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Промена на шаблон: Инфокутија Личност
с Бот: Измена категорије Категорија:Македонски албанци
Ред 60: Ред 60:
==Референци==
==Референци==
<references/>
<references/>

[[Категорија:Македонски писатели]]
[[Категорија:Македонски писатели]]
[[Категорија:Албански писатели]]
[[Категорија:Албански писатели]]
[[sq:Resul Shabani]]

[[Категорија:Членови на ДПМ]]
[[Категорија:Членови на ДПМ]]
[[Категорија:Македонски Албанци]]

[[Категорија:Македонски албанци]]

[[Категорија:Стружани]]
[[Категорија:Стружани]]

[[Категорија:Родени во Струшко]]
[[Категорија:Родени во Струшко]]
[[Категорија:Калишта]]


[[sq:Resul Shabani]]
[[Категорија:Калишта]]

Преработка од 15:16, 11 април 2010

Ресул Шабани
Роден Ресул Шабани
14 октомври 1944
Калишта,Струшко, Република Македонија, Македонија
Занимање албански поет, прозаист, драмски писател и преведувач од Република Македонија.

Ресул Шабани (албански: Resul Shabani) е албански поет, прозаист, драмски писател и преведувач од Република Македонија. Пишува на македонски и на албански јазик, и преведува од двата јазика. Шабани е еден од поистакнатите претставници на албанскиот творечки литературен корпус, застапен во повеќе антологии кои ја презентираат македонската поезија и литература.

Биографија

Роден е на 14 октомври 1944 година во Калишта, Струшко. Завршил Виша педагошка школа во Скопје[1], како и албанска литература на Универзитетот во Приштина[2]. Бил наставник по албански јазик, а потоа новинар и уредник на културната рубрика во Флака, одговорен уредник на списанието Јехона. Бил одговорен уредник на списанието за деца Гезими и член на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, како и надворешен советник за издавачка дејност во Министерството за култура[1]. За време и по неговиот ангажман во министерството, Шабани и неговата издавачка куќа Серембе се обвинети од страна на повеќе албански издавачи за наводна привилегирана положба при доделувањето на средства за издавачка дејност.[3]

Член е на македонскиот ПЕН центар (учествува и во Надзорната комисија) и на Друштвото на писателите на Македонија (од 1976). Учествувал во жирија за доделување на книжевни награди за детска литература. Пет од неговите драми се изведувани на сцена, а негови дела се преведувани на повеќе европски јазици: англиски, италијански, романски, француски, руски, шпански, српски итн. Од друга страна, пак, Шабани е значаен и како преведувач - на албански јазик има преведувано дела од Блаже Конески, Владо Малески, Димитар Солев, Кочо Рацин, Ефтим Клетников, итн.

Литературно творештво

  • Езеро (Liqeni, раскази, 1974)
  • Риба (поезија, 1975)
  • Свето (раскази, 1978)
  • Хамлет со црно кече (Hamleti me plis të zi, поезија, 1978)
  • Стариот брод (Anija e vjetër, драма, 1978)
  • Дожд во Уертомонто (драма, 1979, премиера во 1986, Театар на народностите - Скопје, режија: Владимир Милчин)
  • Езерска самовила (Ora e liqenit, поезија, 1983)
  • Љубовта на капетанот (Dashuria e Kapitenit, роман, 1983)
  • Кумова слама (драма, 1983)
  • Сол и вода (драма, 1983)
  • Фани доаѓа сам (Fani vjen vetëm, драма, 1984, премиера во 1988, повторна изведба 2005, Албански театар - Скопје )
  • Млечниот пат (драма, 1985)
  • Водениот ракопис на полето[се бара извор] (поезија, 1987)
  • Монотонија (драма, 1987)
  • Ох, Америка (Oh, Amerika, поезија, 1989)
  • Влажна трепка (раскази, 1994)
  • Измислен грев (Mëkat i trilluar, поезија, 1996)
  • Мис на дуња (1998)
  • Седум драми (1999)
  • Nuse Vale: Tregime (2001)
  • Повторно за жалната врба (Përsëri për shelgun vajtues, поезија, 2004)
  • Мост од вода (2007)

Награди

Надворешни врски

Референци

  1. 1,0 1,1 Македонски ПЕН Центар: Био-библиографски белешки за членовите - Ресул Шабани' посетено на 8 март, 2008.
  2. Voix de la Méditerranée - Resul Shabani' посетено на 8 март, 2008.
  3. ЗАИ - Јавно писмо до министерството за култура' посетено на 8 март, 2008.