Устав на ВМОРО: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 76: Ред 76:
Врз основа на овој устав е изработен подетален правилник на организацијата.
Врз основа на овој устав е изработен подетален правилник на организацијата.


=Извори ==
==Извори ==
<references/>
<references/>



Преработка од 23:02, 20 март 2010

Податотека:Устав на ВМОРО.Jpg
Уставот на ВМОРО

Уставот на ВМОРО е уставо - статутарен акт на ТМОРО донесен на Рилски конгресот во 1905 година. Со овој устав организацијата формално - правно го сменила своето име во Внатрешна македоно - одриска револуционерна организација. Уставот се состои од 18 члена поделени во 5 глави. Во првата главе е регулирана целта на организацијата, член 1 - 2, во втората глава - средставата, член 3, во третата глава се составот и устројството, член 4 - 15, четврта глава - матерјални средства, член 16, и во петата глава се казните член 17 - 18.

Член 1

ВМОРО има за цел да ги сплоти во една целина сите назадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност за извојување политичка автономија на тие две области.

Член 2

Организацијата им се спротиставува на стремежитер за делба и завладување на тие области од која и да е држава.

Член 3

За отстранување на таа цел организацијата се бори против шовинистичките пропаганди и национални расправи кои го цепат и омаловажуват населението во неговата борба против општиот непријател, дејствува за внесување на револуционерен дух и сознание и ги употребува сите средства и усилби за поскорешно и понавремено вооружување. Таа се грижи за културното и економското издигнување на организираното население и ја потпомага неговата легална борба против турската власт.

Член 4

Организацијата се состои од месни револуционери на секое одделно место (село или град).

Член 5

Член на ВМОРО може да биде секој кој живее во Европска Турција без разлика на пол, вера, народност и убедување.

Член 6

Секоја местна организација се дели на група со по еден десетар.

Член 7

Секоја местна организација ја раководи нејзиниот местен комитет.

Член 8

Селските и градските местни комитети им се потчинети на реонските, овие на околиските, овие пак на окружните комитети, а целата организација ја раководи Централниот Комитет.

Член 9

Пред надворешниот свет организацијата ја претставува претставничко тело.

Член 10

За контролирање и финансирање на комитетот се создадени контролни институции.

Член 11

За разгледување на судски дела и спорови се формира судски институт.

Член 12

Функционерите се изборни.

Член 13

Паралелно со легалната дејност постои и четничкиот институт од нелегални сили.

Член 14

Околиските, окружните и Централниот Комитет имаат свои соодветни печати.

Член 15

Организацијата се служи со својата тајна пошта.

Член 16

Материјални средства организацијата си ги прибира од: Редовни членски влогови, Доброволни прилози и налози, Прилози и податоци испратени за организацијата од туѓина, Казни, Непредвидени приходи добиени со сила на оружјето.

Член 17

Секој што ќе му наштети на делото се казнува согласно Правилникот.

Член 18

Врз основа на овој устав е изработен подетален правилник на организацијата.

Извори