Устав на ВМОРО: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Уставот на ВМОРО''' е уставо - статутарен акт на ТМОРО донесен на Рилски конгресо...
(нема разлика)

Преработка од 22:11, 20 март 2010

Уставот на ВМОРО е уставо - статутарен акт на ТМОРО донесен на Рилски конгресот во 1905 година. Со овој устав организацијата формално - правно го сменила своето име во Внатрешна македоно - одриска револуционерна организација. Уставот се состои од 18 члена поделени во 5 глави. Во првата главе е регулирана целта на организацијата, член 1 - 2, во втората глава - средставата, член 3, во третата глава се составот и устројството, член 4 - 15, четврта глава - матерјални средства, член 16, и во петата глава се казните член 17 - 18.


  • Член 1 - ВМОРО има за цел да ги сплоти во една целина сите назадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност за извојување политичка автономија на тие две области.
  • Член 2 - Организацијата им се спротиставува на стремежитер за делба и завладување на тие области од која и да е држава.
  • 'Член 3 - За отстранување на таа цел организацијата се бори против шовинистичките пропаганди и национални расправи кои го цепат и омаловажуват населението во неговата борба против општиот непријател, дејствува за внесување на револуционерен дух и сознание и ги употребува сите средства и усилби за поскорешно и понавремено вооружување. Таа се грижи за културното и економското издигнување на организираното население и ја потпомага неговата легална борба против турската власт.'
  • Член 4' - Организацијата се состои од месни револуционери на секое одделно место(село или град)
  • Член 5 - Член на ВМОРО може да биде секој кој живее во Европска Турција без разлика на пол, вера, народност и убедување.
  • Член 6 - Секоја местна организација се дели на група со по еден десетар.

Член 7 - Секоја местна организација ја раководи нејзиниот местен комитет.

Член 8 - Селските и градските местни комитети им се потчинети на реонските, овие на околиските, овие пак на окружните комитети, а целата организација ја раководи Централниот Комитет.

Член 9 - Пред надворешниот свет организацијата ја претставува претставничко тело.

Член 10- За контролирање и финансирање на комитетот се создадени контролни институции.

Член 11 - За разгледување на судски дела и спорови се формира судски институт.

Член 12 - Функционерите се изборни.

Член 13 - Паралелно со легалната дејност постои и четничкиот институт од нелегални сили.

Член 14 - Околиските, окружните и Централниот Комитет имаат свои соодветни печати.

Член 15 - Организацијата се служи со својата тајна пошта.

Глава IV- Материјални средства

Член 16 -Материјални средства организацијата си ги прибира од: - Редовни членски влогови

- Доброволни прилози и налози

- Прилози и податоци испратени за организацијата од туѓина

- Казни

- Непредвидени приходи добиени со сила на оружјето

Глава V - Казни Член 17 - Секој што ќе му наштети на делото се казнува согласно Правилникот.

Член 18 - Врз основа на овој устав е изработен подетален правилник на организацијата.