Апендикуларии: Разлика помеѓу преработките

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 8.342 бајти ,  пред 12 години
нема опис на уредувањето
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
[[Oikopleuridae]]
}}
'''Апендикулариите''' ([[Систематика|научно]]: класа '''''Appendicularia''''' или '''''Larvacea''''') се многу мали и проѕирни слободнопливачки животни. За разлика од останатите [[туникати]], тие никогаш не образуваат [[Колонија (биологија)|колонии]]. Големината на телото се движи од 0,3 до 2,5 cm. [[Ларва|Ларвите]] на апендикулариите не подлежат на регресивна [[метаморфоза]] како што е кај [[Асцидија|асцидиите]], односно поедноставување на градбата на телото и губиток на некои важни органи, како што есе [[нотохорд]]от и сетилните органи. [[Хорда]]та кај нив се задржува во текот на целиот живот, по што апендикулариите се разликуваат од останатите туникати.
 
== Морфологија и анатомија ==
 
Телото на апендикулариите се дели на труп и опашка. Општиот изглед на апендикуларијата потсетува на [[полноглавец]] од [[жаба]]. Опашката, која е неколку пати подолга од округлото тело на животното, е прикрепена за стомачната страна во вид на долга и тенка плочка. Неа апендикуларијата ја чува ротирана за 90 ° околу нејзината надолжна оска и ориентирана кон стомачната страна. Долж средината на опашката, по целата нејзина должина се протега хордата која претставува едно еластично стапче што се состои од ред на крупни клетки. На секоја страна од хордата се наоѓаат по 2 мускулни ленти, од кои секоја е изградена од десетици џиновски клетки.
 
На предниот крај од телото се наоѓа устата, која води во голема голтка. Таа е во непосреден контакт со надворешната средина преку две големи овални жабрени цепнатинки или стигми. Кај овие животни отсуствува околужабрената празнина со клоаката (која е присутна кај асцидиите). На стомачната страна од голтката лежи [[ендостил]]от (подголточна бразда), а на спротивната страна надголточната бразда. Ендостилот ги придвижува парченцата од храна во системот за варење, кој има облик на потковичеста издолжена цевка, а се состои од хранопровод, краток желудник и кратко задно црево, кое завршува со анален отвор на стомачната страна од телото.
 
На стомачната страна од телото, под желудникот, се наоѓа [[срце]]то. Тоа има форма на издолжен цилиндар, чија дорзална страна лежи непосредно блиску до желудникот. Кон предниот дел на трупот од срцето поаѓаат [[крвни садови]] - стомачни и грбни. Во предниот дел на голтката тие се поврзани со еден кружен сад. Апендикулариите поседуваат систем од лакуни во кои исто како и во крвните садови циркулира телесната течност. Исто така, по дорзалната и вентралната страна од опашката одат крвни садови. Срцето на апендикулариите, како и кај останатите туникати, периодично ја менува насоката на крвотокот - неколку минути во една, а потоа во друга насока. Тоа работи многу брзо, при што ја менува насоката на крвта и до 250 пати во минута.
 
[[Нервниот систем]] се состои од голема церебрална [[ганглија]] од која наназад поаѓа грбна нервна врвка што достигнува до крајот на опашката и минува над хордата. Близу основата на опашката, нервната врвка образува проширување - мало нервно клопче. Неколку вакви нервни клопчиња (или ганглии) има и долж опашката. На дорзалната страна на церебралната ганглија се надоврзува мал орган за размнотежа - [[статоцист]], а на дорзалната страна од голтката има мала јамичка. Се верува дека таа е орган за мирис. Други сетилни органи не постојат. Посебни органи за вид отсуствуваат.
 
Апендикулариите се [[хермафродит]]и. Во задниот дел од трупот се наоѓа [[јајчник]]от кој е потиснат меѓу двата [[семеник]]а. [[Сперматозоид]]ите се изнесуваат преку отворите на грбната страна на телото, додека јајцата попаѓаат во водата по напукнувањето на телесниот ѕид. По ова, апендикуларијата изумира.
 
=== Куќички ===
 
Сите апендикуларии градат многу карактеристични куќички кои се резултат на одвојувањето на група клетки од кожниот [[епител]]. Оваа донекаде заострена нанапред, тенкоѕидна и желатинозна куќичка е проѕирна и најпрво лежи прилепена за телесниот ѕид, а потоа се одвојува, така што животното може слободно да се движи внатре во куќичката. Куќичката во исто време е и туника, но кај апендикулариите таа не содржи [[туницин]], туку [[хитин]], супстанца која се среќава кај многу [[без‘рбетници]] и роговите од копитарите. Предниот и задниот крај на куќичката е опремен со неколку отвори. Во внатрешноста на куќичката, апендикуларијата произведува брановидни движења со опашката, со што се создава струење на водата, која со самото нејзино излегување од куќичката го придвижува животното во спротивен правец од нејзиниот тек. На онаа страна од куќичката која е во насоката на движење на животното, на нејзиниот горен дел, постојат два отвори со решеткаста градба. Оваа решетка е филтер за навлегувачката вода, при што ги издвојува само најмалите [[планктон]]ски хранливи честички (ширината на порите од решетката изнесува 9-46 микрони, а должината 65-127 микрони). Поголемите честички (како [[Ракови|ракчиња]], [[радиоларии]] и [[Силикатни алги|дијатомеи]]) не можат да продрат во куќичката.
 
Карактеристична особина за апендикулариите е постојаниот број на клетки од кои е изградено телото. Ова важи и за органите. Ваква особина се среќава уште кај [[ротифери]]те и [[Цевчести црви|цевчесттие црви]].
 
== Извор ==
 
* [http://dic.academic.ru/dic.nsf/enc_biology/1248/%D0%A2%D0%98%D0%9F Тип Оболочники (Tunicata)], Биологическая энциклопедия {{ru}}
 
== Надворешни врски ==
 
* [http://jellieszone.com/tunicates.htm Статија за пелашките туникати, вклучително и апендикулариите] {{en}}
* [http://www.tafi.org.au/zooplankton/imagekey/appendicularia/index.html Appendicularia Fact Sheet] {{en}}
 
[[Категорија:Туникати]]
 
[[cs:Vršenky]]
[[de:Copelata]]
[[en:Larvacea]]
[[es:Appendicularia]]
[[fr:Appendicularia]]
[[it:Copelata]]
[[ka:აპენდიკულარიები]]
[[lv:Apendikulārijas]]
[[ja:オタマボヤ綱]]
[[pl:Ogonice]]
[[pt:Larvacea]]
[[ru:Аппендикулярии]]
[[sk:Vršovky]]
[[fi:Pyrstökkäät]]
[[zh:尾海鞘纲]]

Прегледник