Коста Шахов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 53: Ред 53:
== Членувањето во Македонскиот комитет ==
== Членувањето во Македонскиот комитет ==


Коста Шахов учествувал во работата на [[І македонски конгрес]] на македонските друштва во Бугарија, при овој конгрес дошло до обединувањето на македонската емиграција во рамките на ''Македонскиот комитет'', подоцна познат како ([[Врховен македонско-одрински комитет]]). Официјалната цел на оваа асоцијација е ''Автономија на Македонија''. Коста Шахов учествувал до крајот на егзистирањето на оваа организација, а за врме на
Коста Шахов учествувал во работата на [[І македонски конгрес]] на македонските друштва во Бугарија, при овој конгрес дошло до обединувањето на македонската емиграција во рамките на ''Македонскиот комитет'', подоцна познат како ([[Врховен македонско-одрински комитет]]). Официјалната цел на оваа асоцијација е ''Автономија на Македонија''.

Коста Шахов учествувал до крајот на егзистирањето на оваа организација, а за време на [[IV македонски конгрес]] бил избаран за член на Комитетот, на местото на [[Гоце Делчев]]. Коста Шахов се залагал за решавање на македонското прашање преку создавање на македонска самостојана држава,а тоа го дознаваме од извештајот на Кузман Дамјановиќ од 4.03.1899 година. Дамјановиќ се наоѓал во хотелот Батемберк во Софија и притоа таму се нашле и некој од дејците на ''МК'', Коста Шахов, [[Андреј Љапчев]] и други, при што дошло до дискусија во која било истакнато дека:


==Публицистика ==
==Публицистика ==

Преработка од 02:24, 6 март 2010

Коста Шахов

Коста Шахов бил македонски деец, револуционер, публицист, член на Лозарското движење, ВМОК и општественик во Бугарија.

Биографија

Коста Шахов е роден на 6 јули 1862 година во градот Охрид, Македонија. Шахов дипломирал правни науки при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Бугарија. Најпрво работел во Русенскиот окружен совет и во Русенската околиска управа, а потоа бил назначен за службеник при Русенскиот судски истражител и Апелациониот суд во Русе [1]

Дејноста меѓу македонската емигарција

Коста Шахов на 21 октомври 1888 година во Русе, Бугарија започнал со издавање на весникот Македонија. Првите 25 броја излегле во Русе, потоа дошло до привремено стопирање, а од 14 јуни 1889 година весикот почнал да излегува во Софија се до 1893 година [2]. Во првиот број на весникот било истакното дека:

ние Македонците ... не смееме да си ја заборавиме татковината и должнисме да работиме за подобрување на нејзината положба, бидејќи како народ ќе бидеме одговорни пред нашето поколение... задача на весникот Македонија е да се бори за духовно и културно издигање на Македонците[3]

Низ своите страници весникот разгледувал и политички прашања, во смисла дека треба да дојде до организирање и обеднинување на македонските друштва во Бугарија и тоа во интерес на Македонија[2]. Се повикале македонските друштва да се обединат на чело со еден Комитет, кој требало да ја кординира ниваната акција и да преземе дејности, најпрво по мирен дипломаски начин, а пота и да се преземат револуционерни средста [2]. Според весникот Македонија, целата на Комиететот треба да биде Автономија на Македонија во контеткс на членот 23 од Берлинскиот конгрес [2].Автономијата би овозможила да се прекратат пропагандите на соседните држави и би овозможола да зе зачува територијалната целовитост на Македонија[2]. Во тој контекс било истакнато дека во борбата за политички права на Македонија, треба да се обединат сите народности во Македонија[2]. Прашањето за обединување на сите народности во Македонија било посебно разгледано во статијата:

Мислење за решавање на македонското прашање

потпишана со псевдонимот:

Еден Македонец

Според овој автор, ослободувањето на Македонија треба да биде поставено врз неутрална македонска почва и истакнува дека:

Ние сме рекле и друг пат - не е време, ние, Македонците, да ја изразиме нашата желаба за соединување со извесна држава. Тоа е опасно најпрво за самите нас, Македонците, а после за целиот бугарски народ... Ослободувањето на Македонија и нејзинотоприсоединување со извесна земја се две прашања кои е незамисливо да се решат благопријатно во едно исто време...[2]

Понатаму во стаијата било истакнато дека населението во Македонија трба да биде нарекувано исклуциво како Македонци, додека пак македонските друштва како македонски без префиксите бугаро, србо, елино и румуно[2]. Оваа статија предизвикала реакции и полемика во кои се вклучила и самата редакција на весникот. Подоцна, в. Македонија еволуирал во правецот на ставовите на Еден Македонец[2]

Учество во македонското националноослободително движење

Коста Шахов бил посебно заслужен за формирањето на МСД (Македонско студенско друштво)[4]. Негови по заначајни членови билеДамјан Груев, Петар Поп Арсов,Христо Поп Коцев и други. Целат на асоцијацијата меѓу другото било ослободување на Македонија и борба против пропагндите. Оваа асоцијација била самораспуштена во 1891 година. Но веќе по неколку месеци Коста Шахов се нашол меѓу основачите на Младата Македонска Книжевна Дружина и станал член на Лозарското движење, притоа ММКД започнала да издава и едно списание Лоза (весник), а К. Шахов учествувал во неговата подготовка. Во јули 1893 година Коста Шахов имал средба со Иван Хаџи Николов кој дошол од Солун и побарал да му биде препорачано авторитено лице кое би можело да учествува во формирањето на една револуционерна организација. Шахов како таков го посочил Гоце Делчев кои тогаш учел во веното училиште во Софија. Иван Х. Николов тогаш на Коста Шахов и на Делчев им посочил дека:

1. Организацијата да се основа во Македонија, а не во Софија, бидејќи основана во Софија и раководена од Софија, Србија и Грците ќе ја третираат како измислица на бугарската влада, ќе основаат и тие такви организации и од нашата организација нема да излезе ништо. При тоа таа треба да биде тајна 2. Основачите да се Македонци, чесни, да имаат добро име и да живеат во Македонија, за да бидат постојано во контакт со населението во Македонија, да бидат и тие изложени на истата опасност на каква што ќе бидат изложени нивните следбеници, со што полесно ќе ја спечалат и довербата на населението 3. Паролата треба да биде автономијата на Македонија. Нашето барање треба да се потпира врз член 23 од Берлинскиот договор, за да се надеваме на успех. Да постигнеме автономија на Македонија, значи да ја откинеме не само од Турците туку и од Србите и Грците. Оцртани еднаш границите на автономна Македонија, Србија и Грците не ќе можат да бараат делови од неа, додека ако посакаме и тие делови од неа. Нашата задача треба да биде да ја спасиме Македонија цела, а тоа може да стане само преку автономна Македонија 4. Организацијата треба да биде самостојна и независна, да нема никакви врски и ангажмани со владите на соседните држави, за да не и влијаат и да не ја обвинуваат дека е орудие на некоја од тие влади и со тоа да предизвика противдејство од страна на другите соседни влади 5. Од Македонците во Бугарија и од бугарскиот народ ќе бараме морална и материјална поддршка, без при тоа да ни се мешаат во работата.[5]

По четиричасовниот разговор К. Шахов и Г. Делчев го прифатија планот.

Членувањето во Македонскиот комитет

Коста Шахов учествувал во работата на І македонски конгрес на македонските друштва во Бугарија, при овој конгрес дошло до обединувањето на македонската емиграција во рамките на Македонскиот комитет, подоцна познат како (Врховен македонско-одрински комитет). Официјалната цел на оваа асоцијација е Автономија на Македонија.

Коста Шахов учествувал до крајот на егзистирањето на оваа организација, а за време на IV македонски конгрес бил избаран за член на Комитетот, на местото на Гоце Делчев. Коста Шахов се залагал за решавање на македонското прашање преку создавање на македонска самостојана држава,а тоа го дознаваме од извештајот на Кузман Дамјановиќ од 4.03.1899 година. Дамјановиќ се наоѓал во хотелот Батемберк во Софија и притоа таму се нашле и некој од дејците на МК, Коста Шахов, Андреј Љапчев и други, при што дошло до дискусија во која било истакнато дека:

Публицистика

Соработува во списанието Лоза (весник), Глас Македонски, / 1893-1898 /, Борба за слободата на Македонија и Одринско, вестник Борба/ 1905 /.

Извори

  1. Шахов, Коста. Едно осветление по нашите работи, в: От София до Костур. Спомени, ИК Синева, София, 2003, стр.38-68.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 П.Константин Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093, София, 1979
  3. Документи за борба на македонскиот народ, т.1
  4. Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов
  5. Спомени на И. Х. Николов, Д. Груев, Б. Сарафов, Ј. Сандански, М. Грџиков, д-р Х. Татарчев (редакција на Иван Катарџиев), Скопје, 1995, 76-77, Х. А. Полјански, Гоце Делчев... т.1, 110 .