Асоцијација на тениските професионалци: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 69: Ред 69:


{{reflist}}
{{reflist}}

== Надворешни врски ==


* [http://www.atpworldtour.com/ Официјален Сајт]
* [http://www.atpworldtour.com/ Официјален Сајт]

Преработка од 18:45, 28 февруари 2010

Асоцијација на тениските професионалци
АТП
Спорт Професионален Тенис
Датум на основање 1972
Локација Лондон
Монако
Понте Ведра
Сиднеј
Директор Адам Хелфант
Старото лого

Асоцијацијата на тениските професионалци или АТП е формирана во 1972 за да ги заштити интересите на машките професионални тенисери. Се до 1990, асоцијацијата ги организираше турнирите за мажи, АТП Тур, кој во јануари 2009 беше преименуван во АТП Светски Тур. Тоа е еволуција од поранешниот Светски Шампионат во Тенис. Извршното тело на АТП се наоѓа во Лондон. АТП Америка е стационирано во Понто Ведра, Флорида, САД; АТП Европа се наоѓа во Монако; а АТП Интенационал, кое ги покрива Африка, Азија и Австралија се наоѓа во Сиднеј.

Организација за женските професионални тенисерки се вика Женска Тениска Организација.

АТП Тур

АТП Турот го сочинуваат натпреварите во Гренд Слемовите, АТП Мастерс 1000, АТП Мастерс 500, АТП Мастерс 250, АТП Џеленџер Серијата, Фјучерс Турнаментите. АТП исто така ги организира Светскиот Тимски Куп, кој се игра во Дизелдорф и АТП Чемпионс Тур.

Деталите за професионалните тениски турнири се:

Настан Број Парична награда (УСД) поени за победникот Извршно тело
Гренд Слем 4 видете индивидуални статии 2,000 ИТФ
АТП Финале на Светкиот Тур 1 4,450,000 1100-1500 АТП & ИТФ
АТП Мастерс 1000 9 2,450,000 - 3,645,000 1000 АТП
АТП Мастерс 500 11 755,000 - 2,100,000 500 АТП
АТП Мастерс 250 40 416,000 - 1,024,000 250 АТП
АТП Светски Тимски Тур 1 1,750,000 - АТП
АТП Челенџер Серијата 178 35,000 - 150,000 75 - 125 АТП
Фјучерс Турнири 534 10,000 и 15,000 17 - 33 ИТФ

Рангирање

АТП го објавува неделното рангирање на професионални тенисери, АТП Рангинг, 52-неделно рангирање, а до 2009 и АТП Трка, годишно рангирање. Ова рангирање се користи за одредување на учесниците и носителите во сингл или дабл. Рангингот трае 52 недели, каде поените се собираат, со осклучок на оние освоени од претходната сезона на следниот турнир. Играчот со најмногу поени на крајот од сезоната е прогласен за 'Светски Рекет број 1 на годината. На стартот од 2009 сезона, сите собрани поени се дуплираа за да се согласат со новиот систем на рангирање.

АТП Трката беше трка од почетокот на сезоната до нејзиот крај и беше запрена во 2009[1]. Секој играч започнува да собира поени од почетокот на сезоната. На крајот од сезоната, АТП Трката одлучува кои натпреварувачи и тимови (првите осум за сингл и првите четири за дабл) ќе играат на Тенискиот Мастерс Куп, сега преименуван во Финале на Светскиот Тур.

Моментално рангирање

АТП ранг листа (поединечно), од 12 септември 2022 [2]
# Играч Бодови Промена
1  Карлос Алкараз (ШПА) 6740 3
2  Каспер Руд (НОР) 5850 5
3  Рафаел Надал (ШПА) 5810
4  Данил Медведев (РУС) 5065 3
5  Александар Зверев (ГЕР) 5040 3
6  Стефанос Циципас (ГРЦ) 4810 1
7  Новак Ѓоковиќ (СРБ) 3570 1
8  Камерон Нори (ВБР) 3550 1
9  Андреј Рубљов (РУС) 3390 2
10  Хуберт Хуркач (ПОЛ) 3355
11  Јаник Синер (ИТА) 3200 2
12  Тејлор Фриц (САД) 3055
13  Феликс Оже-Алиасим (КАН) 2950 5
14  Пабло Карењо Буста (ШПА) 2510 1
15  Матео Беретини (ИТА) 2360 1
16  Марин Чилиќ (ХРВ) 2345 1
17  Диего Швартцман (АРГ) 2110 1
18  Карен Хачанов (РУС) 1990 13
19  Франсес Тијафо (САД) 1940 7
20  Ник Кирјос (АВС) 1780 5

Промени од минатонеделното рангирање

Видете исто така

2010 ATП Тур

Референци

  1. http://www.atpworldtour.com/tennis/en/players/information/rankfaq.asp
  2. „Singles Rankings“. ATP Tour. Посетено на 12 септември 2022.

Надворешни врски