Константин Миладинов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 79.125.173.76 (разговор), вратено на последната верзија на StanProg
Ред 7: Ред 7:
'''Константин Миладинов''' ([[Струга]], [[1830]] – [[Истанбул|Цариград]], [[18 јануари]] [[1862]]) е [[Македонци|македонски]]<ref>Македониум, антологија на македонската национално-политичка мисла, стр. 9 и 10, Скопје, 2003. </ref> <ref>[http://www.promacedonia.org/bugarash/dmp/dmp_050_061.htm#55 Писмо] на Константин Миладинов до Георги С. Раковски, 8 јануари 1859, „Браќа Миладиновци – препис“, коментирал и уредил Никола Трајков, Бугарска академија на науките, Институт за историја, Издание на БАН, Софија 1964, стр. 131-133.</ref> и [[Бугари|бугарски]]<ref>[http://www.promacedonia.org/bugarash/dmp/dmp_050_061.htm#58 Писмо] од Константин Миладинов до Георги Раковски, напишано во Загреб на 31 jануари 1861, „Браќа Миладиновци – препис“, коментирал и уредил Никола Трајков, Бугарска академија на науките, Институт за историј, Издание на БАН, Софија 1964, стр. 136-139.</ref> собирач на народни умотворби и поет. Тој е првиот македонски лирски поет и основоположник на македонската поезија. Со неговата песна [[Т'га за југ - Константин Миладинов|„Т'га за југ“]], која има 70 препеви на 42 јазици, секоја година се отвораат [[Струшки вечери на поезијата|Струшките вечери на поезијата]].

==Биографија==
==Биографија== Константин Миладинов

Роден е во Струга, во семејството на грнчарот [[Ристе Миладинов]] и неговата сопруга [[Султана Миладинова]]. Основно училиште завршил во Струга, а подоцна и гимназија во [[Јанина]], [[Грција]]. На [[14 октомври]] [[1849]] година се запишал на Филозофскиот факултет во [[Атина]], дипломирал [[1852]] година, отсек грчка филологија. Со диплома на учители браќата се вратиле во родниот крај каде учителствувале во повеќе места.

Преработка од 11:29, 26 февруари 2010

Видете исто така Браќа Миладиновци.
Константин Миладинов во Москва, долу десно

Константин Миладинов (Струга, 1830Цариград, 18 јануари 1862) е македонски[1] [2] и бугарски[3] собирач на народни умотворби и поет. Тој е првиот македонски лирски поет и основоположник на македонската поезија. Со неговата песна „Т'га за југ“, која има 70 препеви на 42 јазици, секоја година се отвораат Струшките вечери на поезијата.

==Биографија== Константин Миладинов

Роден е во Струга, во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга Султана Миладинова. Основно училиште завршил во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина, Грција. На 14 октомври 1849 година се запишал на Филозофскиот факултет во Атина, дипломирал 1852 година, отсек грчка филологија. Со диплома на учители браќата се вратиле во родниот крај каде учителствувале во повеќе места.

По завршувањето на основното образование во Струга и гимназија во Јанина, во 1847 година станал учител во селото Трново, битолско.

По завршувањето на студиите престојувал во манастирот „Зограф“ на Света Гора. По враќањето во Струга, станал учител во битолското село Магарево, а потоа во 1857 година се запишал и студирал словенска филологија во Москва, каде што членувал во Словенскиот кружок и соработувала во неговиот весник „Братски труд“, како и во весникот „Дунавски лебед“ и списанието „Бугарски книжици“.

Константин заминал во Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва. Во време на неговиот престој во Русија го обзема длабока осаменост и жал по родниот крај.

Имајќи го собраниот материјал од народни умотворби, Константин целосно се ангажирал во реализирање на идејата за нивно печатење. Работејќи на редактирање на песните и другите народни умотворби и нивно подготвување за Зборникот, Константин и самиот почнал да пишува поезија. Поетското творештво на Константин Миладинов, иако скромно, само петнаесет песни, го става на пиедесталот на македонската нова литература како основоположник на македонската уметничка поезија.

Суровата руска зима и бедниот живот штетно се одразиле врз здравјето на Константин, па во 1859 година тој заболел од туберкулоза. Покрај подмолната и тешка болест, Константин го разочарал и неуспехот во настојувањата да се испечати Зборникот од народни умотворби. Основната причина за непечатењето на Зборникот во Москва е судирот на Миладиновци со Цариградската патријаршија во екот на преродбенската борба.

Во јуни 1860 година, не довршувајќи ги студиите, Константин Миладинов ја напуштил Москва. На пат за дома, во Виена, се сретнал со хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, поглаварот на Хрватската католичка црква, со кого контактирал уште од Москва, пишувајќи му за намерите за печатење на Зборникот. При оваа средба, бискупот Штросмаер прифатил да го финансира печатењето на Зборникот.

На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци - „Бугарски народни песни, собрани од браќа Миладиновци“, дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот фолклорист Васили Чолаков).

Константин, пресреќен што животната цел, негова и на неговиот брат, е исполнета, зел неколку примероци од Зборникот и во средината на јули 1861 година го напуштил Загреб, тргнувајќи за родниот крај. Патем се задржал во Белград каде дознал дека неговиот брат Димитар веќе половина година чемрее во турските затвори. Надевајќи се дека ќе успее да го ослободи својот брат, наместо за Струга, тргнал директно за Цариград и никогаш повеќе не го видел родниот крај. Набрзо по пристигнувањето во Цариград и Константин бил фатен и фрлен во цариградските зандани. Обвинети како шпиони против кои, според изјавата на официјалните турски власти, се подготвува судски процес, браќата Миладиновци умреле во цариградските затвори, во 1862 година, под досега неразјаснети околности.

На 24 јуни 1861 година во Загреб излегол Зборникот на народни песни и умотворби на браќата Димитрија и Константин Миладинови.

Поетски текстови

Следи листа на поетски текстови од Константин Миладинов: [4]

  • „Бисера“, „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.
  • „Желание“, „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.
  • „Голапче“, „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.
  • „Шупељка“, „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.
  • „Не- не пиjан“, „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.
  • „Клетва“, „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.
  • „Скрсти“, „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 19.
  • „Грк и Бугарин“, „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 24.
  • „Побратимство“, „Б'лгарски книжици“, година II, 1859, кн. 22.
  • „Думание“, „Б'лгарски книжици“, година II, 1859, кн. 22.
  • „Сираче“, „Братски труд“, 1860, кн. 1.
  • „На сонцето“, „Братски труд“, 1860, кн. 1.
  • „Еѓуптин делиjа“, „Братски труд“, 1860, кн. 3.
  • „На чужина“, „Дунавски лебед“, г. I, 1860, бр. 20.
  • „Т'га за југ“, „Дунавски лебед“, г. I, 1860, бр. 20.

Референци

  1. Македониум, антологија на македонската национално-политичка мисла, стр. 9 и 10, Скопје, 2003.
  2. Писмо на Константин Миладинов до Георги С. Раковски, 8 јануари 1859, „Браќа Миладиновци – препис“, коментирал и уредил Никола Трајков, Бугарска академија на науките, Институт за историја, Издание на БАН, Софија 1964, стр. 131-133.
  3. Писмо од Константин Миладинов до Георги Раковски, напишано во Загреб на 31 jануари 1861, „Браќа Миладиновци – препис“, коментирал и уредил Никола Трајков, Бугарска академија на науките, Институт за историј, Издание на БАН, Софија 1964, стр. 136-139.
  4. „Бугарска преродбеничка поезија“, избор и редакција Кирил Топалов, „Български писател“, Софија, 1980, стр. 271.

Надворешни врски

Предлошка:МакЛит