Георги Старделов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Брзо додавање категорија Гевгеличани (со користење на HotCat)
с Брзо додавање категорија Родени во Гевгелија (со користење на HotCat)
Ред 16: Ред 16:


[[Категорија:Гевгеличани]]
[[Категорија:Гевгеличани]]

[[Категорија:Родени во Гевгелија]]

Преработка од 22:32, 9 февруари 2010

Георги Старделов е македонски естетичар, есеист, литературен критичар, теоретичар и академик.

Биографија

Тој е роден во 1930 г. во Гевгелија. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Докторирал на Филозофскиот факултет во 1965 г. Бил професор на Филозофскиот факултет, претседател на Друштвото на писателите на Македонија и македонскиот ПЕН центар, почесен член е на Асоцијацијата на шпанските писатели и на МАНУ. Старделов е плоден научен работник во повеќе дисциплини (филозофија, историја, естетика, теорија и социологија на културата и уметноста, историја на литературата.

Творештво

Автор е на повеќе книги, есеи и критики („Модерното и модернизмот“, „Светови“, „Антеј бара почва“, „Антеј ја допира земјата“, „Доба на противречности“, „Меѓу литературата и животот“, „Изморена авангарда“, „Портрети и профили“, „Одземање на силата“ и др.). Изработил портрети и анализи на истакнатите творци Блаже Конески, Славко Јаневски, Анте Поповски, Ацо Шопов и др. Составил повеќе антологии на македонската поезија и проза. Добитник е на наградите „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Кочо Рацин“, „Димитар Митрев“ и др.