Соломонов храм: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
DSisyphBot (разговор | придонеси)
с Бот Додава: no:Salomos tempel
сНема опис на уредувањето
Ред 30: Ред 30:
[[Категорија:Знаменитости во Ерусалим]]
[[Категорија:Знаменитости во Ерусалим]]
[[Категорија:Рид на храмовите]]
[[Категорија:Рид на храмовите]]
[[Категорија:Архитектура од 10 век п.н.е.]]



[[ar:هيكل سليمان]]
[[ar:هيكل سليمان]]

Преработка од 20:35, 5 февруари 2010

Скица на Храмот на Соломон

Храмот на Соломот (на иврит: בית המקדש), исто така познат и како Првиот храм, е според Танах, првиот евреиски храм во Ерусалим. Самиот храм ја изразува најголемата фокусна точка на јудизмот. Храмот бил завршен во текот на 10 век п.н.е. и подоцна бил разрушен од страна на вавилонците во 586 година п.н.е. Потоа, храмот повторно бил изграден кој денес е познат како Вториот храм.

Подготовка

Пред својата смрт, цар Давид, татко на Соломон, собрал големо количество на материјал за градбата на храмот и исто така ја закупил и земјата на која требало да се гради. Во Библијата се разкажува за Соломон, цар на тогашното единствено Израелско царство, како во почетокот на своето царување подготвувал материјали за градбата на храмот кој го нарачал неговиот татко. Според легендата, Соломон склучил дури и договор со тирскиот цар Хирам I за добавување на потребните материјали и тоа по пат на море од Јафа до Ерусалим. Исто така Соломон во тоа време ја изградил и водоводната мрежа во градот. Сето тоа според митот е поврзано со постоењето на масонството уште од најрано време.

Градба

Според митот, подготовката и започнувањето на изградбата на храмот траела дури три години. Веќе на почетокот на четвртата година од царувањето на Соломон, се започнало со изградбата на храмот и тоа под раководство на феникијците. Од тука е сосема јасно дека самиот храм бил изграден и во феникиски дух. Давид на својот син му оставил доволно злато и сребро со кои да се изгради храмот. Според Библијата станува збор за 100,000 таланти (3,000 тона) злато и 1,000,000 таланти (30,000 тона) сребро. Библијатаразкажува за тоа колку голем број работници и занаетчии е било потребно за да се изгради храмот. Некои од нив не се биле евреи, туку робови. Огромни камења, доставени од кариерите под градот биле постепено поставени врз масивните ѕидови, едни врз се додека целиот објект не биде завршен. Се кажува дека зградате била со димензии: должина 27 метри, ширина 9 метри, висина14 метри.

Завршување

Така, по единаесет години од царувањето на Соломон, за седум години градење, храмот бил авршен. По единаесет месеци храмот бил осветен.

Пљачки и разрушувања на храмот

Според Библијата, Храмот на Соломон бил пљачкан неколку пати во текот на времето: