Демократска армија на Грција: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 26: Ред 26:
[[el:Δημοκρατικός Στρατός Ελλάδας]]
[[el:Δημοκρατικός Στρατός Ελλάδας]]


[[Категорија:Грчка историја]]
[[Категорија:Историја на Грција]]

Преработка од 22:54, 10 ноември 2006

Демократската Армија на Грција (грчки: Δημοκρατικός Στρατός Ελλάδας) била армија учесник во Граѓанската војна во Грција (1945-1949). Демократската армија на Грција била под команда на Комунистичката Партија на Грција и се борела за воспоставување на комунистички режим на народна демократија во Грција под покровителство на СССР и Сталин. Армијата броела 35.000 војници од кои 20.000 биле регрутирани од Егејска Македонија, од кои 14.000 биле етнички Македонци.

Формирање на ДАГ

Бунтовници на ДАГ

Демократската Армија на Грција била формирана уште во почетокот на 1945 година како продолжение на ЕЛАС (Грчка Народно-ослободителна Војска) која била целосно разбиена и уништена од Германските нацистички сили и грчките монархо-фашисти. Во почетокот на 1946 година на ДАГ и КПГ во борбата и се приклучува македонската организација НОФ која дотогаш вооружено дејствувала самостојно и под покровителство на КПМ во областите населени со Македонци. На чело на ДАГ биле челниците на КПГ, Никос Захаријадис, Леонидас Стрингос, Константин Барџотас идр.

Македонците во ДАГ и односот на КПГ кон македонското национално прашање

По директивата на КПЈ за спојување на македонската организација НОФ со КПГ (ставање под целосна команда на КПГ), ДАГ добива големо зголемување на бројот на своите војници и добива голема поддршка од Македонското население во Егејска Македонија кое сметало дека со победата на ДАГ над монархо-фашистите ќе добие национални права и слобода и можност за самоопределување. До крајот на војната во ДАГ учествувале 14000 борци-Македонци, а 20000 од 50000 жртви во војната биле Македонци. Сепак и покрај големата помош која ја дале Македонците на комунистичко-ослободителното движење раководството на КПГ и ДАГ водело крајно дискриминаторска политика кон борците-Македонци. Ниту еден Македонец не бил ставен на повисоко раководно место од поручник, ниту еден Македонец немало ниту во привремената комунистичка влада на Грција, од целата класа на полковници на ДАГ ниту еден не бил Македонец, а немало ниту еден Македонец командант на баталјон или комесар на област од Егејска Македонија, а на многу од борците што претходно се бореле во Втората светска војна не им биле признати чиновите и заслугите. За време на резолуцијата на информбирото и кон крајот на војната, со заладувањето и прекинот на односите меѓу КПГ и КПЈ, многу борци-Македонци (повеќето млади, помлади и од 18 години) биле осудени на смрт преку монтирани судски процеси од страна на КПГ под обвинение дека се „титови агенти“ и „дезертери“, познати масовни стрелања на македонски борци до ДАГ се Буфската и Африканската афера, стрелањето на неколкумина Македонци од с.Герман и друго.

На почетокот ставот на КПГ кон македонското национално прашање бил за рамноправност на Македонците во рамките на грчката држава. На вториот конгрес на НОФ одржан на 9 март 1949 година, ќе се усвои одлуката за „обединета и независна Македонска држава во рамките на Балканската федерација“.

Белешки


Библиографија

  • Никос Кирицис, „Δημοκρατικός Στρατός Ελλάδας, βασικοί σταθμοί του αγώνα“, издавач „Σύγχρονη Εποχή“

Извори