Демократска армија на Грција: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{Внимание}}

'''ДАГ''' - '''Демократска Армија на Грција''' била армија учесник во [[Граѓанска војна во Грција (1945-1949)|Граѓанската војна во Грција]] која започнала по завршетокот на Втората светска војна во [[1945]] година и траела се до крајот на [[1949]] година. Демократската армија на Грција била под команда на [[КПГ]] (Комунистичка Партија на Грција) и се борела за воспоставување на комунистички режим на народна демократија во [[Грција]] под покровителство на [[СССР]] и [[Сталин]]. Армијата броела 35000 војници од кои 20000 биле регрутирани од [[Егејска Македонија]], од кои 14000 биле етнички [[Македонци]].

Ред 10: Ред 12:

Отпрвин ставот на КПГ кон македонското национално прашање бил за рамноправност на Македонците во рамките на грчката држава. На II гонгрес на [[НОФ]] одржан на 9 март 1949 година, ќе се усвои одлуката за „обединета и независна Македонска држава во рамките на Балканската федерација“.

[[el:Δημοκρατικός Στρατός Ελλάδας]]

Преработка од 16:56, 10 ноември 2006

ДАГ - Демократска Армија на Грција била армија учесник во Граѓанската војна во Грција која започнала по завршетокот на Втората светска војна во 1945 година и траела се до крајот на 1949 година. Демократската армија на Грција била под команда на КПГ (Комунистичка Партија на Грција) и се борела за воспоставување на комунистички режим на народна демократија во Грција под покровителство на СССР и Сталин. Армијата броела 35000 војници од кои 20000 биле регрутирани од Егејска Македонија, од кои 14000 биле етнички Македонци.

Формирање на ДАГ

Демократската Армија на Грција била формирана уште во почетокот на 1945 година како продолжение на ЕЛАС (Грчка Народно-Ослободителна Војска) која била целосно разбиена и уништена од Германските нацистички сили и грчките монархо-фашисти. Во почетокот на 1946 година на ДАГ и КПГ во борбата и се приклучува македонската организација НОФ која дотогаш вооружено дејствувала самостојно и под покровителство на КПМ во областите населени со Македонци. На чело на ДАГ биле челниците на КПГ Никос Захаријадис, Леонидас Стрингос, Константин Барџотас идр.

Македонците во ДАГ и односот на КПГ кон Македонското национално прашање

По директивата на КПЈ за спојување на македонската организација НОФ со КПГ (ставање под целосна команда на КПГ), ДАГ добива големо зголемување на бројот на своите војници и добива голема поддршка од Македонското население во Егејска Македонија кое сметало дека со победата на ДАГ над монархо-фашистите ќе добие национални права и слобода и можност за самоопределување. До крајот на војната во ДАГ учествувале 14000 борци-Македонци, а 20000 од 50000 жртви во војната биле Македонци. Сепак и покрај големата помош која ја дале Македонците на комунистичко-ослободителното движење раководството на КПГ и ДАГ водело крајно дискриминаторска политика кон борците-Македонци. Ниту еден Македонец не бил ставен на повисоко раководно место од поручник, ниту еден Македонец немало ниту во привремената комунистичка влада на Грција, од целата класа на полковници на ДАГ ниту еден не бил Македонец, а немало ниту еден Македонец командант на баталјон или комесар на област од Егејска Македонија, а на многу од борците што претходно се бореле во Втората светска војна не им биле признати чиновите и заслугите. За време на резолуцијата на информбирото и кон крајот на војната, со заладувањето и прекинот на односите меѓу КПГ и КПЈ, многу борци-Македонци (повеќето млади, помлади и од 18 години) биле осудени на смрт преку монтирани судски процеси од страна на КПГ под обвинение дека се „титови агенти“ и „дезертери“, познати масовни стрелања на македонски борци до ДАГ се Буфската и Африканската афера, стрелањето на неколкумина Македонци од с.Герман идр.

Отпрвин ставот на КПГ кон македонското национално прашање бил за рамноправност на Македонците во рамките на грчката држава. На II гонгрес на НОФ одржан на 9 март 1949 година, ќе се усвои одлуката за „обединета и независна Македонска држава во рамките на Балканската федерација“.