Тапани: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Ред 33: | Ред 33: | ||
* [[Табот]] |
* [[Табот]] |
||
* [[Тамбурина]] |
* [[Тамбурина]] |
||
* [[Таико]] |
* [[Таико (инструмент)]] |
||
* [[Табла]] |
* [[Табла]] |
||
* [[Тапан]] |
* [[Тапан]] |
Преработка од 03:02, 13 декември 2009
Тапаните се дел од перкусионистичката група на инструменти, а технички се класифицираат како мембрафони. Тапанот е составен од мембрана, која е растегната преку школка и доволно затегната за да произведе звук кога врз нејзе се врши притисок. Тапанот е најстариот музички инструмент, и неговиот основен дизајн останува непроменет со илјадници години. Тапаните неможат да се штимаат, и звукот кој го произведуваат се одликува според физичкиот дизајн на самиот инструмент. Сепак тие се делат на долни и горни тонски тапани, а музичарите често користат комбинација од неколку тапани со цел да произведат музичка композиција.
Употреба
Најголемиот број тапани се свират со помош на раце,палици,четкици за тапани и др. Во многу традиционални култури, тапаните имаат симболична функција и се често користени во религиозни церемонии. Тие се користат и во музичката терапија, бидејќи нивната тактичка природа има разни влијанија врз човечката психа. Во подрачјето на популарната музика и џезот, тие се користат за изведување на музички композиции.
Историја
Во минатото тапаните не биле користени исклучиво само заради нивните музички квалитети, туку и како средство за комуникација, преку однапред определени сигнали. Во Африка тие се користеле за комуникација на големи далечини. Во Шри Ланка, тапаните биле користени за комуникација помеѓу државата и нејзините граѓани. Јапонските трупи ги користеле тапаните за мотивација на војниците, за да создадат такт и ред во марширањето. Најстарите познати тапани датираат од 6000 пред нашата ера.
Типови на тапани
- Абуракува
- Асхико
- Бас тапани
- Бодхран
- Бонго
- Боугарабу
- Кајон
- Ченда
- Конга
- Давул
- Дол
- Џембе
- Донг Сон
- Дунун
- Еве
- Гоблет
- Рачен тапан
- Кпанлого
- Челичен тапан
- Табот
- Тамбурина
- Таико (инструмент)
- Табла
- Тапан
- Тар
- Тенор тапани
- Тимпани
- Том-том
„Тапани“ на Ризницата ? |