Витамин Е: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: thumb|250px|Структурната формула на токоферолот '''Витаминот Е'...
 
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:RRR alpha-tocopherol.png|thumb|250px|Структурната формула на токоферолот]]
[[Податотека:RRR alpha-tocopherol.png|thumb|250px|Структурната формула на токоферолот]]


'''Витаминот Е''' (токоферол) е откриен во 1922 год.<ref>[http://www.rsi-mk.com/16288.aspx Kaпсули со витамин E-100]</ref> и е комплексно име за осум [[антиоксиданс]]и: четири токофероли (α-, β-, γ-, δ-) и четири токотриеноли (α-, β-, γ-, δ-). Единствената форма која што активно се задржува во човечкото тело е α-токоферол. Тој растворилив во масти и почесто може да се најде во растителните продукти, отколку во продуктите од животинско потекло. Витаминот Е има важна улога во [[метаболизам|метаболизмот]]: се нарекува и „витамин на убавината“, бидејќи ги поттикнува бројните хемиски реакции во организмот, кои ја подобруваат состојбата на кожата. Тој е јак антиоксиданс и има позитивен ефект на сите типови на кожа.
'''Витаминот Е''' (токоферол) е откриен во 1922 год.<ref>[http://www.rsi-mk.com/16288.aspx Kaпсули со витамин E-100]</ref> и е комплексно име за осум [[антиоксиданс]]и: четири токофероли (α-, β-, γ-, δ-) и четири токотриеноли (α-, β-, γ-, δ-). Единствената форма која што активно се задржува во човечкото тело е α-токоферол. Тој е растворилив во масти и почесто може да се најде во растителните продукти, отколку во продуктите од животинско потекло. Витаминот Е има важна улога во [[метаболизам|метаболизмот]]: се нарекува и „витамин на убавината“, бидејќи ги поттикнува бројните хемиски реакции во организмот, кои ја подобруваат состојбата на кожата. Тој е јак антиоксиданс и има позитивен ефект на сите типови на кожа.


==Улога==
==Улога==

Преработка од 04:18, 4 декември 2009

Структурната формула на токоферолот

Витаминот Е (токоферол) е откриен во 1922 год.[1] и е комплексно име за осум антиоксиданси: четири токофероли (α-, β-, γ-, δ-) и четири токотриеноли (α-, β-, γ-, δ-). Единствената форма која што активно се задржува во човечкото тело е α-токоферол. Тој е растворилив во масти и почесто може да се најде во растителните продукти, отколку во продуктите од животинско потекло. Витаминот Е има важна улога во метаболизмот: се нарекува и „витамин на убавината“, бидејќи ги поттикнува бројните хемиски реакции во организмот, кои ја подобруваат состојбата на кожата. Тој е јак антиоксиданс и има позитивен ефект на сите типови на кожа.

Улога

Витаминот Е делува на следниов начин:

  • ја влажи кожата, го забрзува репарирањето на оштетувањата предизвикани од дејството на слободните радикали,
  • ја штити кожата од негативните надворешни влијанија,
  • го намалува црвенилото, настанато поради прекумерна изложеност на сонце,
  • го спречува настанувањето на темни флеки на кожата,
  • го намалува настанувањето на брчки и ја одржува кожата мазна и витална за подолг период.

Дози на витамин Е од 400 IU дневно, го намалуваат ризикот од оштетување на кожата поради изложеност на сонце, па истовремено се намалува и продукцијата на карциногени клетки. Сепак, треба да се нагласи дека внесувањето на големи дози на витамин Е може да биде штетно, па затоа не треба да се земаат поголеми дози од препишаните.

Покрај оралната примена на витаминот Е, тој може да се применува и со директно нанесување на кожата, било како чист витамин Е или преку лосиони за сончање. Во случај кога се користи директно нанесување на витаминот Е на кожата, треба да се земе во предвид и времето кое е потребно да витаминот навлезе во подлабокиот слој на кожата. Со други зборови, витаминот Е е потребно да се нанесе на кожата 10-20 минути пред изожување на сонце.

Извори на витамин Е

Витаминот Е е мошне распространет во природата, особено во растителниот свет. Витаминот Е најмногу се среќава во растителните масла, јаткастите плодови, зеленчукот со зелени лисја (спанаќ), житариците, семките од сончоглед и тиква, како и во авокадото.

Никулците на житариците, растителните масла и маслодајните семиња се најдобри извори на витамин Е. Во месото се наоѓа само во незначителни количества. Вегетаријанскиот режим на исхрана, особено ако ги опфаќа интегралните житарици (витаминот Е се наоѓа во никулците), обезбедува големи дози на витамин Е.

Храната богата со витамин Е најдобро е да сеe јаде свежа, без да се готви. Готвената храна има 50-90% помалку витамин Е, отколку пресната. Храната богата со витамин Е треба да е добро затворена, затоа што витаминот Е е чувствителен на кислород.

Количина на токоферол на 100 грама продукти:

Референци