Ријад: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: af:Riad
с Бот Додава: yo:Riyadh
Ред 95: Ред 95:
[[vo:Riyad]]
[[vo:Riyad]]
[[war:Riyadh]]
[[war:Riyadh]]
[[yo:Riyadh]]
[[zh:利雅德]]
[[zh:利雅德]]

Преработка од 22:05, 28 ноември 2009

Ер Ријад (арапски: الرياض ar-Riyāḍ) или само Ријад е главниот град на кралството Саудиска Арабија. Се наоѓа во провинцијата Ер Ријад, во регионот Наџд. Во поширока смисла, Ер Ријад е лоциран во центарот на Арабискиот Полуостров, на големо плато и е дом на преку 4.260.000 жители.

Градот леѓи во "централниот коридор" на Саудиска Арабија за развој, заедно со Бураида и Ел Кхарџ во ријадската административна единица. Другите две области со концентрирана поголема популација се две крајбрежни области - околу Џида и Мека на Црвеното Море, и околу Џубаил и Дахран на Персискиот Залив. Ер Ријад се наоѓа на 24°42'42" северно и 46°43'27" источно (24.711667, 46.724167).

Ер Ријад е поделен на 17 општини под контрола на градот и ријадските развојни власти на чело со ријадскиот провинциски гувернер - Принцот Салман Бин Абдул Азиз.

Иако е многу сува областа во која е сместен градот, сепак паѓаат и дождови во мала количина. Пет брани ја собираат дождовницата. Има околу 96 бунари и 467 km цевкаст систем кој ја пренесува водата од центрите за десалинизација на Персискиот Залив до градот.