Отровен брадавичар: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 32: Ред 32:


[[Image:Gila fg01.jpg|thumb|right|Closeup of a Helodermatid's skin, composed of beadlike scales.]]
[[Image:Gila fg01.jpg|thumb|right|Closeup of a Helodermatid's skin, composed of beadlike scales.]]

Гила чудовиштето-H.suspectum- е огромен, гуштер во форма
Гила чудовиштето''Heloderma suspectum'' е огромен, гуштер во форма
на колбас со должина од 1 инч(приближно 30 сантиметри) до 2 инча
на колбас со должина од 1 инч(приближно 30 сантиметри) до 2 инча
(приближно 60 сантиметри) и тежина од 1,3 килограми до
(приближно 60 сантиметри) и тежина од 1,3 килограми до

Преработка од 15:32, 24 ноември 2009

Гила чудовиште
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Reptilia
Ред: Squamata
Семејство: Helodermatidae
Род: Heloderma
Вид: H. suspectum
Научен назив
Heloderma suspectum
Cope, 1869

Гила чудовиште

Гила чудовиште, латински Heloderma suspectum, е вид на отровен гуштер населен во југозападните Американски држави и северно Мексико (но не и во Баја Калифорнија). Тежок,спор гуштер, долг до 60 сантиметри, Гила чудовиштето е единствениот отровен гуштер населен во Америка и еден од единствените два вида на отровни гуштери во Северна Америка, а другиот е близу сроден со Мексиканскиот зрнест гуштер (H. horridum)

Mexican beaded lizard at the Louisville Zoo, Kentucky.

И покрај тоа што Гила чудовиштето е отровно, неговата мрзеливост значи дека претставува најмала закана за луѓето. Како и да е, има добиено застрашувачка репутација и најчесто се убивани од пешаци и сопственици на куќи и покрај тоа што се заштитени со закон во државите Аризона и Невада.


Таксономија и етимологија

Постојат два подвида на Гила чудовиште: мрежесто Гила чудовиште (H. suspectum suspectum) и зрнесто Гила чудовиште (H. suspectum cinctum). Мрежестото Гила чудовиште живее во јужниот регион од областа на Гила чудовиштата, додека зрнестото Гила чудовиште е од северните подвидови појавувајќи се главно во пустината Мохаве. Мрежестото Гила чудовиште најчесто има светли белези прекршени од темни лушпи давајќи мрежест изглед, додека зрнестото Гила чудовиште главно има повеќе непрекршени јазли од светли лушпи. Гила чудовиштето има еден близок жив сродник, зрнестиот гуштер (H. horridum), како и многу изумрени сродници од гуштерите чија еволуциска историја се открива назад во периодот на кредата. Видот хелодерма (Heloderma ) постои уште од Миоценот кога живееле H. texana и остатоци од остеодерми од Гила чудовиште се најдени во доцниот Плеистоцен (пред 8000-10,000 години) наталожени близу Лас Вегас, Невада. Бидејќи хелодерматидите останале прилично непроменети, морфолошки тие повремено се сфаќаат како живи фосили. Иако Гила чудовиштето изгледа близу сродно со гуштерите варани (varanids) од Африка, Азија и Австралија, широката географска поделба и уникатните белези кои не се наоѓаат кај вараните покажува дека Гила чудовиштето е подобро сместено во посебно семејство. Името Гила се однесува на басенот на реката Гила во Аризона, каде што некогаш многу постоеле. Heloderma значи „кожа со нитни “, од старите грчки зборови Helos —глава на шајка или нитна — и derma или кожа. Suspectum е изведено од опишувачот , палеонтологистот Едвард Дринкер Коуп кој се сомневал дека гуштерите можеби се отровни поради длабнатините во забите.

Опис

Closeup of a Helodermatid's skin, composed of beadlike scales.
Гила чудовиштетоHeloderma suspectum е огромен, гуштер во форма 

на колбас со должина од 1 инч(приближно 30 сантиметри) до 2 инча (приближно 60 сантиметри) и тежина од 1,3 килограми до 2,25 килограми. Иако е помал од брадестиот гуштер кој може да порасне и да биде долг до 1 метар, Гила чудовиштето е најголемиот домашен вид на гуштер во САД. Има дебела опашка која ја користи да складира маснотија и може да преживее од оваа маснотија со месеци или години според неколку анегдоти. Неговата опашка е пропорционално подолга од таа на брадестиот гуштер, карактер кој се користи да се разликува помеѓу овие два. Спротивно од многу други гуштери, опашката на Гила чудовиштето не се автотомизира и не расне повторно ако е откината. Гила чудовиштето има големи предни стапала и остри нокти, совршени за копање, исто така и дебел црн јазик, навикнато да мириса со помош на Јаковсониот орган (Jacobson’s organ).

Крлушките на Гила чудовиштето изгледаат како сини, темно розеви, сребрени, розеви, портокалови, бебешко сини или жолти зрна, поставени во сложена шара. Овие зрна се мали ковчести плочки кои формираат крлушки и се познати како остеодерми. Бојата на своите остеодерми е повеќе јасна отколку тие на блиските сродници, брадестиот гуштер. Крлушките на стомакот се правоаголни отколку округли. Зрнестата кожа на Гила чудовиштето е таа што го привлече вниманието на северноамериканските Индијанци, дизајните кои се оживеани во индијанската уметност и кошничарството. Крлушките се јасни кога Гила чудовиштето е младо, како што старее боите стануваат побледи и повеќе мрежести. Гила чудовиштето ја менува кожата на мали парчиња така што изгледа дека тие секогаш се во процесот на менување на кожа. Целосно менување на кожата се верува дека се случува еднаш годишно.


Поделба и распространување

A Gila monster's head. The bead-like scales can be observed, as well as the strong forelegs and claws suitable for digging.

Гила чудовиштето е најдено во југозападните САД и Мексико, наметнувајќи опсег во Сонора, Синалоа, Аризона, делови од Калифорнија, Невада, Јута и Ново Мексико ( но не и Баја Калифорнија). Тие населуваат грмушести предели, влажни пустини (succulent desert) и дабови шумски предели, тражејќи засолниште во дупки, грмушки и под карпи на места кои се лесно пристапни со влага. Всушност Гила чудовиштата се чини дека сакаат вода и можат да се набљудуваат како се потопуваат во вирчињата со вода после летен дожд. Тие избегнуваат да живеат на отворени места како рамништа и обработливо земјиште.

Екологија

Проценето е дека Гила чудовиштето поминува 95 % од своето време под земја во дувла или каменести засолништа. Активно е наутро во текот на сувата сезона (пролет и рано лето), подоцна во летото може да е активно во топлите ноќи или по бура. На површината одржува телесна температура од 30 степени целзиусови (86 степени фаренхајти). Гила чудовиштата се спори во поимите од способност за брзо трчање, но тие имаат релативно висока издржливост и максимален капацитет на воздух ( VO2max) за гуштер.

Исхрана

Гила чудовиштето главно се храни со јајца од птици и рептили, а понекогаш со мали птици, цицачи, жаби, гуштери, инсекти и мрша. Гила чудовиштето ретко се храни (само пет до десет пати годишно во дивината), но кога се храни може да изеде една третина од својата телесна маса. Го користи своето екстремно остро чувство за мирис за да го открие пленот, особено јајца. Има толку остро чувство за мирис што може да открие и ископа јајца од кокошка закопани длабоко 15 сантиметри и прецизно следи трага направена од тркалање на јајце. Ако е пленот голем може да го згмечи до смрт или ако е мал да биде жив изеден, голтнат прво од главата, потоа помогнат надолу од стегањето на мускулите и еластичноста на вратот. Обично откако храната е проголтана, Гила чудовиштето веднаш продолжува со движење на јазикот и пребарувачко однесување, веројатно како резултат од историјата на пронаоѓање на глупа плен како јајца и бебиња во гнезда. Гила чудовиштата се способни да се искачат на дрва и кактуси во потрага по јајца.


Отров

Отровот се создава во модифицирани плунковни жлезди во долната вилица на Гила чудовиштето, за разлика од змиите чиј отров се создава во горната вилица. Гила чудовиштето има недостаток од мускулатурата силно да го вбризга отровот, наместо тоа отровот е исфрлен од жлездата до забот преку џвакањето. Дејството на капиларите го спроведува отровот од забот во жртвата. Забите се лабаво прицврстени што им овоможува да бидат скршени и заменети во текот на животот. Гила чудовиштето исто така се набљудувани како се превртуваат додека ја гризаат жртвата, веројатно за да се потпомогне текот на отровот во раната. Бидејќи пленот на Гила чудовиштето главно се состои од јајца, мали животни и друг „беспомошен плен“, се верува дека отровот на Гила чудовиштето настанал за одбранбена отколку за ловечка употреба. Одбранбената употреба ќе ја објасни јасната предупредувачка обоеност на Гила чудовиштето.

A reticulate Gila monster (Heloderma suspectum suspectum)

Иако отровот е невротоксин (отровот делува на нервниот систем) отровен како тој на коралната змија, Гила чудовиштето (H. suspectum) создава само мали количества. Каснувањето на Гила чудовиштето не е смртоносен за возрасен човек (нема потврдени извештаи за фаталности), но може да гризне брзо и да се држи цврсто и болно. Ако е гризната жртвата може ќе треба целосно да го нурне под вода гуштерот што нападнал за да се ослободи од каснувањето. Симптомите од каснувањето вклучуваат ужасна болка, хидропсија (oedema) и слабост поврзана со брзо опаѓање на крвниот притисок. Повеќе од дузина пептиди и протеини се одвоени од отровот на Гила чудовиштето, вклучувајќи хиалуронидас (hyaluronidase), серотинин, фосфолипас А2 (phospholipase A2) и неколку каликрејни гликопротеини ( kallikrein like glycoproteins) одговорни за болката и хидропсијата прдизвикани од каснување. Исто така четири потенцијални смртоносни отрови се одвоени од отровот на Гила чудовиштето вклучувајќи ужасен отров кој предизвикува крвавење на внатрешните органи и испакнување на очите и хелотермин (helothermine) што предизвикува апатија, делумна парализа на екстремитетите и хипотермија кај стаорците. Сепак состојките кои се најмногу насочени се биоактивните пептиди вклучувајќи хелодермин, хелоспектин, ексендин -3 (exendin-3) и ексендин -4(exendin-4) . Повеќето се слични во форма на васоактивен интестинален пептид (VIP) кој ги опушта рамните мускули и ја регулира водата и лачењето на електролити меѓу малите и големите црева. Овие биоактивни пептиди се способни да се врзат со VIP приемниците на многу различни човечки ткива. Еден од овие хелодермини е докажано дека го попречува растот на ракот на белите дробови.

Истражување за лекови

Во 2005 година администрацијата за храна и лекови на САД го одобри лекот exenatide (обележан како Byetta) за управување на дијабетисот од типот 2. Тоа е синтетичка верзија на протеин, ексендин-4 ( exendin-4), произлезен од плунката на Гила чудовиштето. Во тригодишното истражување со луѓе со дијабетис од типот 2, егзенатидот (exenatide) доведува до здраво одржување на нивоата на гликоза и напредно губење на тежината. Ефикасноста се должи на фактот дека протеините на гуштерот е 50 % идентичен со глукагонски пептид – 1 ( glucagons like peptide-1) аналог (GLP-1), хормон ослободен од човечкиот дигестивен тракт кој помага во регулирањето на инсулинот и глукагонот. Протеинот на гуштерот останува делотрворен подолго отколку човечкиот хормон помагајќи им на дијабетичарите да ги одржуваат нивоата на шеќер во крвта под контрола. Исто така егзенатидот го намалува празнењето на стомакот и предизвикува намалување на апетитот, придонесувајќи за губење на тежината.

Животна историја

Gila monster at the Bristol Zoo.

Гила чудовиштето излегува од хибернација во месецот јануари или февруари и се спарува во мај и јуни. Мажјакот започнува додворување со замавнување на неговиот јазик во потрага по мирисот на женката. Ако женката го одбие неговото додворување таа ќе го касне и ќе отползи. Кога е успешно, парењето е надгледувано да трае од 15 минути се до 2,5 часа. Женката ќе снесе јајца во јули или август, закопувајќи ги во песок, 12,7 сантиметри под површината. Леглото се состои од 2 до 12 јајца, со 5 кои се за просечно легло. Процесот на инкубација трае 9 месеци кога изведените излегуваат во текот на месецот април низ јуни следната година. Изведените се отприлика 16 сантиметри долги и по изведувањето се способни да каснат и да вбризгаат отров. Малите карактеристично имаат поголеми јазли од розеви крлушки од возрасните иако зрнестото Гила чудовиште (H.s.cinctum) има склоност да ја задржи групната пругаста шара. Гила чудовиштето ( H.suspectum) сексуално созрева од 3-тата до 5-тата година. По снесувањето на јајцата возрасноте Гила чудовишта постепено поминуваат помалку време на површината за да ги избегнат најтоплите делови од летото (иако тие може да бидат активни во ноќта), конечно да ја започнат нивната хибернација околу ноември. Малку се знае за општественото однесување на Гила чудовиштето, но тие се набљудувани, фатени во борба мажјак со мажјак, во која доминантниот лежи врз потчинетиот и го боцка со предните и задните екстремитети. Двата гуштери ги свиткуваат своите тела, туркајќи се меѓу себе и извртувајќи се во обид да се добие доминантна положба. Боречкиот натпревар завршува кога притисокот при напрегањето ќе ги присили да се разделат, иако натпреварите може да се повторат во непрекинато времетраење. Овие натпревари се типично набљудувани точно пред сезоната на парење. Се верува дека тие со поголема сила и издржливост често победуваат и уживаат одличен репродуктивен успех. Иако Гила чудовиштето има слаб метаболизам и е еден од најслабите гуштери спринтери, има една од вредностите од обем на воздух (зголемено трошење на кислород од остатокот до максимално метаболичко напрегнување) меѓу гуштерите, што им овозможува да се вовлечат во силна аеробик активност за постојан период од времето. Набљудувани се дека мажјаците имаат поголем обем на воздух од женките веројатно поради сексуалниот избор за карактеристика корисна за продолжената борба. Гила чудовиштето може да живее до 20 години во дивината или 30 години во заробеништво.

Заштитна состојба

Градкото ширење, трговијата со миленици и уништувањето на средината делуваат на бројот на Гила чудовишта. Како резултат на тоа Гила чудовиштата се заштитени од државните закони на Аризона и Невада, нелегалн е да се „ малтретира, повредува,прогонува,лови,да се пука на, да се рани, убива, да се намамува, заробува или да се собира Гила чудовиште“. Во 1952 година тие станале првите отровни животни на кои им е дадена правна заштита. Гила чудовиштата се запишани како скоро загрозени според Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN). Зоолошката градина Сан Диего е првата зоолошка која успешно размножила Гила чудовиште во заробеништво, правејќи го тоа во 1963 година.

Односи со луѓето

Иако Гила чудовиштето е отровно, неговите бавни движења значат дека тоа преставува мала закана за луѓето. Сепак има заслужено застрашувачки углед и често е убивано од луѓето што се плашат. Меѓу северноамериканските индијански племиња Гила чудовиштето имало измешана положба. Апачите верувале дека неговиот здив може да убие човек, а Тохоно одам( Tohono O’Odham) и Пимите (Pima) верувале дека поседува духовни моќи кои можат да предизвикаат болест. Во спротивност, Серите (Seri) и Јакуаите (Yaquai) верувале дека засолништето на Гила чудовиштето има лековити својства. Гила чудовиштето има настапено како чудовиште во филм од Б катергорија, Големото Гила чудовиште (The Giant Gila Monster). Митовите дека здивот на животното е доволно отровно да убие луѓе, дека може да плука отров или да скокне неколку стапки во воздухот за да нападне се сите невистинити. Друг мит верувал дека Гила чудовиштето немало анус и дека исфрлало отпадок низ устата, изворот од отровот и „смрдлив здив“.








преведено од англиски на македонски јазик од Марија Тошевска