Мозаик: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: thumb|310px|[[Византија|Византиски мозаик]] '''Мозаикот''' претстав...
 
с Брзо додавање категорија Орнаменти (со користење на HotCat)
Ред 71: Ред 71:
[[uk:Мозаїка]]
[[uk:Мозаїка]]
[[zh:馬賽克]]
[[zh:馬賽克]]

[[Категорија:Орнаменти]]

Преработка од 12:33, 23 ноември 2009

Византиски мозаик

Мозаикот претставува редење природен камен или мали, префабрикувани коцки од различен материјал (пр. стакло, керамика) во разни орнаменти или слики. Овие коцкички, во склад со претходно изработен нацрт, се втиснуваат во се уште свеж малтер, а потоа површината се полира заради израмнување.

Историјат

Најстарите мозаици во боја, изработени од глинени топчиња, се пронајдени во Вавилон и потекнуваат од IV век п.н.е.[1] Во V век п.н.е. во Грција се изработувале мозаици од бели и црни измазнети речни камења. Мозаиците во боја, кои можеле да имитираат илузионизам и светлосни ефекти, се појавуваат во периодот на хеленизмот. Како значајно средство за изразување, мозаиците биле застапени и во римската уметност и тоа пред се, подните мозаици. Мозаиците имале значење и во ранохристијанската и во византиската уметност. Со употреба на златни плочки мозаиците добиле нови карактер и пред се се користеле за украсување на таваните и ѕидовите.

Со надминувањето на Maniera greca во периодот на треченто, опаѓа и интересот за мозаиците. Дури т.н. југендстил донел привремено оживување на интересот.

Освен во сакралните простори во XX век, уметноста на мозаикот одиграла позначајна улога во социјалистичкиот реализам и мурализмот.

Техника на изведба

Уште од античкиот период познати се два начина на изведба на мозаик:

  • opus tesselatum - составен од камени коцкички (не се секогаш со исти димензии), а меѓу коцкичките е видлив поврзувачкиот материјал (т.н. фуги)
  • opus vermiculatum - составен од поситни коцкички, меѓусебно тесно поврзани, така што одвај се гледаат рабовите и меѓупросторот меѓу нив. Коцкичките, главно се со иста големина, а изработени се од камен, стакло или глазирани парчиња керамика.

Освен “обичниот“ мозаик, постои и техника на микромозаик, која е многу посложена, со иста основа, но со многу повеќе впечатливи резултати. Таа е резервирана само за посебно упорните и стрпливи уметници, кои не жалат да изгубат повеќе време за да постигнат што повпечатлив резултат.

Надворешни врски

Извори