Пергамент: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Брзо додавање категорија Животински производи (со користење на HotCat)
с замена на буквите
Ред 9: Ред 9:


==Изработка==
==Изработка==
Пергаментот се изработувал со преработка на тенки [[кожа|кожи]], најчесто од млади животни: [[коза|кози]], [[овца|овци]], [[теле|телиња]], [[магаре|магариња]], па и [[змија|змии]].<ref>[http://www.pergamena.net/products/parchment/ Пергамент] ([[англиски јазик|англ.]])</ref> Процесот на изработка бил многу едноставен. Од одраната кожа се отстранувале вкалната, а потоа кожата се третирала со белило. Депилираната кожа се напнувала на дрвени рамки и постепено се сушела.
Пергаментот се изработувал со преработка на тенки [[кожа|кожи]], најчесто од млади животни: [[коза|кози]], [[овца|овци]], [[теле|телиња]], [[магаре|магариња]], па и [[змија|змии]].<ref>[http://www.pergamena.net/products/parchment/ Пергамент] ([[англиски јазик|англ.]])</ref> Процесот на изработка бил многу едноставен. Од одраната кожа се отстранувале влакната, а потоа кожата се третирала со белило. Депилираната кожа се напнувала на дрвени рамки и постепено се сушела.


Следната фаза било брусењето со помош на [[вулкан]]ски песок и мазнење со помош на коски или мазни камења. Колку што пергаментот бил потенок, толку бил поценет.
Следната фаза било брусењето со помош на [[вулкан]]ски песок и мазнење со помош на коски или мазни камења. Колку што пергаментот бил потенок, толку бил поценет.

Преработка од 17:36, 18 ноември 2009

Изработка на пергамент во 1568 г.

Пергаментот е еден од најстарите материјали за пишување, кој се користи и денес.

Историја

Околу 200 г. п.н.е еден од фараоните од династијата Птоломеј го забранизл извозот на папирус од Египет, за да го спречи развојот на “библиотеките“ во другите земји.

Оваа ситуација ги натерала корисниците на папирус да најдат алтернативен материјал за пишување, однесно за пренесување на пораките и складирање на знаењата. Во градот Пергамо, (денешна Турција), бил произведен таков материјал и го добил името пергамент. Тој бил потраен и попостојан на влага за разлика од папирусот. Се до денес, се смета за еден од најдобрите материјали за пишување со перо и мастило.

Изработка

Пергаментот се изработувал со преработка на тенки кожи, најчесто од млади животни: кози, овци, телиња, магариња, па и змии.[1] Процесот на изработка бил многу едноставен. Од одраната кожа се отстранувале влакната, а потоа кожата се третирала со белило. Депилираната кожа се напнувала на дрвени рамки и постепено се сушела.

Следната фаза било брусењето со помош на вулкански песок и мазнење со помош на коски или мазни камења. Колку што пергаментот бил потенок, толку бил поценет.

Последната фаза била натопување на испегланата кожа во масло и сушење на маслото, со цел да се постигне соодветна еластичност.

Пергаментот денес

И денес пергаментот се употребува за различни свечени пригоди, кога е потребно да се изработат повелби, признанија и слично (Версајскиот договор, Повелбата на ОН, Нобеловата награда и др.).

Извори