Фразеологија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Бот додава Шаблон: Без извори
Ред 1: Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
Дел од [[лексика]]та што ги проучува зборовниве состави како јазични единици се нарекува '''фразеологија'''.
Дел од [[лексика]]та што ги проучува зборовниве состави како јазични единици се нарекува '''фразеологија'''.



Преработка од 00:34, 18 ноември 2009

Дел од лексиката што ги проучува зборовниве состави како јазични единици се нарекува фразеологија.

Во реченицата, зборовите можат да се поврзуваат, да се здружуваат во целости од различен вид. На пример, зборот орев може да оди со повеќе придавки (голем, мал, чист, тврд), со глаголи (јаде, купува, продава) итн.

Ова ни покажува дека зборовите во реченицата можат слободно да се здружуваат, да се наоѓаат во слободна врска. При ваква врска, секој од зборовите си го задржува своето посебно значење, така што значењето на составот е еднакво на збирот на значењата на зборовите што влегуваат во тој состав.

Во јазикот зборовните состави некогаш можат да се наоѓаат и во неслободни, односно постојани врски. Ако го споредиме составот тврд орев во реченициве:
Ова е многу тврд орев, не се крши со заби.
Ќе бидеме тврд орев за нашиот утрешен противник.

ќе забележиме дека тој нема исто значење: во втората реченица има значење „тешко совладлив“.

Во составите од овој вид ослабнува одделото значење на зборовите и се формира едно ново значење кое не е збир на значењата на составните елементи. Спореди уште: дупната вреќа (расипник), зајачко срце (плашлив), долг јазик (зборлест), кожа и коски (слаб).

Зборовните споеви што се употребуваат во јазикот како целосни, како готови јазични елементи со единствено значење се викаат фразеолошки изрази или фразеологизми.