Сите го сакаат Рејмонд: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
кат |
с Бот додава Шаблон: Без извори |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
{{Без извори|датум=ноември 2009}} |
|||
{{ Инфокутија Телевизиска емисија |
{{ Инфокутија Телевизиска емисија |
||
| show_name = Сите го сакаат Рејмонд |
| show_name = Сите го сакаат Рејмонд |
Преработка од 14:36, 17 ноември 2009
Предлошка:Инфокутија Телевизиска емисија Сите го сакаат Рејмонд (англиски: Everybody loves Raymond) е американски ситком емитуван на телевизијата CBS од 1996 до 2005. Заедно со Сајнфелд, Пријатели, Фрејзер и други, ова е еден од најпознатите американски ситкоми.
Серијата се врти околу секојдневниот живот на итало-американецот Реј Барон, писател на спортска колумна во весник, кој живее со својата жена Дебра Барон, нивната ќерка Али и нивните идентични синови Мајкл и Џефри. Родителите на Реј и неговиот љубоморен и несигурен брат Роберт, не ги оставаат Реј и Дебра на мира ни еден момент. Реј често се вмешува во нечии проблеми, но на крај обично тој излегува виновен.
Сите го сакаат Рејмонд кај нас се емитува на Сител телевизија.
Позадина
Базирана на вистински искуства на Реј Романо, Сите го сакаат Рејмонд премиерно се прикажа на 13 септември 1996. на CBS. Серијата е продуцирана од HBO, Worldwide Pants во асоцијација со Where’s Lunch?. Иако првата сезона не беше многу гледана главно поради лошиот термин петок навечер, понатамошните сезони се емитуваа во нов термин и ја победуваа конкуренцијата. Една од најсилните конкуренти во тој термин беше Ели МекБил. Последната епизода беше емитувана на 16 мај 2005, а според гледаноста се наоѓа позади сериите М*А*S*H, На здравје, Married... with Children, Сајнфелд, Home Improvement, Луд по тебе, Сексот и градот, Фрејзер и Пријатели, а пред Вил и Грејс и Кралот на Квинс.
Гледаност
Американска гледаност по сезона, според рејтинзите на Нилсен.
Сезона | Термин | Премиера | Финале | ТВ сезона | Рангирање | Гледачи (во милиони) |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | Петок во 20:30 | 13 септември, 1996 | 7 април, 1997 | 1996-1997 | #82 | 10.6 |
2 | Понеделник 20:30 | 22 септември, 1997 | 18 мај, 1998 | 1997-1998 | #30 | 13.3 |
3 | Понеделник 21:00 | 21 септември, 1998 | 24 мај, 1999 | 1998-1999 | #11 | 15.5 |
4 | 20 септември, 1999 | 22 мај, 2000 | 1999-2000 | #12 | 17.1 | |
5 | 2 октомври, 2000 | 21 мај, 2001 | 2000-2001 | #5 | 19.1 | |
6 | 24 септември, 2001 | 13 мај, 2002 | 2001-2002 | #4 | 20.0 | |
7 | 23 септември, 2002 | 19 мај, 2003 | 2002-2003 | #7 | 18.6 | |
8 | 22 септември, 2003 | 24 мај, 2004 | 2003-2004 | #10 | 17.4 | |
9 | September 20, 2004 | May 16, 2005 | 2004-2005 | #10 | 17.4 |
Глумците по Сите го сакаат Рејмонд
- Бред Герет моментално глуми во ситкомот До смрт.
- Патриша Хитон оваа есен ќе глуми во нов ситком Пак до тебе (Back to you), заедно со Келси Грамер, ѕвездата од Фрејзер.
- Питер Бојл почина од срцева болест на 12 декември 2006.