Љубка Рондова: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
StanProg (разговор | придонеси)
родена 24 август
с Бот додава Шаблон: Без извори
Ред 1: Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
{{Биографија инфо |
{{Биографија инфо |
име=Љубка Рондова |
име=Љубка Рондова |

Преработка од 06:04, 14 ноември 2009

Љубка Рондова
Родена 24 август 1936
Шестево (Егејска Македонија), Грција

Љубка Рондова (бугарски: Любка Рондова) е пејачка на народни песни од Бугарија. Родена е во костурското село Шестево (на грчки Сидирохори), Грција, во 1936 година. Во 1948 година, за време на грчката граѓанска војна, влегува во групата на таканаречените деца-бегалци, со кои е изнесена од комунистичките партизани надвор од земјата. Живее во Полска и Чешка. Завршува славјанска филологија на Карловскиот универзитет во Прага. Зборува неколку странски јазици. Во 1960 година семејството на Љубка се прселува во Бугарија и таа работи како туристички водич, преведувач, редактор и служител во оддели за култура во различни организации.

Нејзиниот сериозен пат на народна пејачка започнува по преселувањето во Софија, кога се зачленува во најстариот ансамбл во Бугарија за народни песни и танци “Гоце Делчев”. Во него останува 30 години, каде долго време е солистка и лицето на ансамблот. Нејзиниот репертоар е изграден врз основа на песни, наследени од мајка и и баба и а ги усовршува и своите изведувачки способности.

Во 1980 година, ги прави првите записи во Бугарското радио, а потоа и во Балкантон, Бугарската телевизија, Радио Благоевград. Тие се тиражирани на голем број грамофонски плочи, аудио и видео албуми.

Во 2000 година, е издаден нејзиниот прв албум на компакт диск “Смилјана”. Во него се вклучени 22 најпопуларни и омилени песни од целото нејзино 40-годишно музичко наследство. Во 2003 година, излегува и нејзиниот втор компакт диск “Песните се моите деца”, во кои се вклучени 15 потполно нови исполнувања. Од нив 9 стари автентични песни од нејзиното родно Костурско и 6 авторски.

И до денешен ден Љубка Рондова продолжува да открива и запишува автентични народни песни.

За нејзиниот придонес во развојот и популаризирањето на бугарската култура, на 22 мај 2002 година Љубка Рондова е удостоена со орден “Стара планина”. Таа е носител на орден “Кирил и Методиј” II степен и златен медал “Петко Војвода”.

Надворешни врски