Дишник: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: sk:Priedušnica
с Бот Додава: arc:ܩܢܝܐ ܕܪܐܬܐ
Ред 11: Ред 11:


[[ar:رغامى]]
[[ar:رغامى]]
[[arc:ܩܢܝܐ ܕܪܐܬܐ]]
[[ay:Tunquri]]
[[ay:Tunquri]]
[[bg:Дихателна тръба]]
[[bg:Дихателна тръба]]

Преработка од 06:13, 15 октомври 2009

Оваа статија се однесува на трахеите (дишниците) како респираторни органи кај некои без‘рбетници. За трахеите како спроводни елементи на ксилемот кај растенијата, видете Трахеи (растение).

Дишниците (или душникот) се цевчести органи за дишење кај копнените членконоги. Тие служат за транспорт на метаболитичките гасови од и до ткивата на животното. Бројот на отвори со кои дишниците се поврзани со надворешната средина може многу да варира низ многуте редови на инсекти, но најчесто во секој сегмент од телото може да има парни отвори. Дишниците се всушност вдлабнувања на кутикуларниот егзоскелет кои се разгрануваат низ телото на животното, со дијаметар од неколку микрометри до 0,8 mm. Најмалите дишници се наречени трахеоли. Тие навлегуваат во клетките од ткивата и служат како места за дифузија на вода, кислород и јаглерод диоксид. Гасовите се пренесуваат низ трахеалниот систем преку активно издишување (вентилација) или преку пасивна дифузија.

Трахеалните цевки можат да се изградени од кружни ‘рскавични прстени наречени тенидии, кои, пак, можат да бидат во различни форми (јазли или хеликси).

Исто така, во главата, градниот кош или во стомачната празнина, дишниците може да се поврзани со воздушни ќесиња. Многу инсекти, како скакулците, можат да ја контролираат циркулацијата на воздухот низ нив.