Совет за безбедност на ООН: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: jv:Dhéwan Kaamanan PBB
Ред 80: Ред 80:
[[it:Consiglio di sicurezza delle Nazioni Unite]]
[[it:Consiglio di sicurezza delle Nazioni Unite]]
[[ja:国際連合安全保障理事会]]
[[ja:国際連合安全保障理事会]]
[[jv:Dewan Keamanan PBB]]
[[jv:Dhéwan Kaamanan PBB]]
[[ka:გაეროს უშიშროების საბჭო]]
[[ka:გაეროს უშიშროების საბჭო]]
[[ko:국제 연합 안전보장이사회]]
[[ko:국제 연합 안전보장이사회]]

Преработка од 09:03, 12 октомври 2009

Салата каде што се одржуваат седниците

Советот за безбедност на ОН е орган на Обединетите Нации кој има за задача да го одржува мирот и безбедноста помеѓу нациите. Иако другите органи на ОН можат да даваат само препораки на владите на земјите членки, Советот за Безбедност има моќ да носи одлуки кои земјите членки мора да ги споведат. Одлуките на советот се познати како Резолуции. Претседателството врз Советот е ротирачко и трае 1 месец.

Историјат

Советот својата прва сесија ја одржал на 17 јануари 1946 во Church House, Лондон. Од својот прв состанок, Советот заседава постојано и одржувал состаноци во Париз и Адис Абеба, на пример. Сепак најголемиот број состаноци се одржуваат во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк. Битни измени во Советот се имаат случено на три наврати, во 1965 амандманите на членовите 23 и 27, со кои се овозможува зголемување на избраните членови во советот од 6 на 10. Во 1968 сличен амандман на членот 109. Во 1971 Генералното Собрание на ОН, гласало за издвојување на претставниците на Тајван од ОН и заменување на Кина на нивно место.

Членови

Членовите на Советот мора во секое време да се на располагање на седиштето на ОН, со цел ОН да може да носи брзи одлуки во случај на криза. Претседавачот на Советот има улога да ја одреди агендата, да претседава со седниците на Советот и да има целосна прегледност на светската сцена и моменталните кризни жаришта. Постојат два типа на членови на советот: Постојани и Непостојани

Земји членики (сино - постојани; зелено - од 2008)

Постојани членки

Државите кои се постојани членки се држави кои биле победници во Втората светска војна.

Избрани членови

Генералното собрание избира уште 10 членови со мандат од 2 години стартувајќи секогаш на 1 Јануари. Членките се бираат на тој начин што 5 од нив се менуваат секоја година. Членките се одбираат од регионалните групи и се потврдуваат од Генералното Собрание. Африканскиот блок одбира 3 члена. Латинска Америка, Африканскиот блок, Западно Европскиот блок и другите блокови одбираат по 2 члена. По еден член е одбран од Арапскиот блок и по можност уште еден од Азискиот или Африканскиот блок.

Моменталните избрани членки се:

Статус на земјите не членки на Советот

Земјите кои не се членки можат да земат учество во дискусијата, но не и во гласањето. Доколку Советот оцени дека во одлучувањето одредена земја може да придонесе во одлуката, ја поканува да го образложи своето мислење.

Право на вето

Постојаните земји членки имаат право на вето врз одлуките на советот. Негативно гласање се смета за вето. Во случај на апстиненција од гласање, гласот не се смета како вето. До сега САД има го употребено правото на вето 81 пат, Кина 5 пати, Русија 122 пати, Франција 18 пати и Велика Британија 32 пати.

Надворешни врски