Сеул: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: pnb:سیول
Darkicebot (разговор | придонеси)
с Бот Додава: roa-rup:Seoul
Ред 113: Ред 113:
[[rm:Seoul]]
[[rm:Seoul]]
[[ro:Seul]]
[[ro:Seul]]
[[roa-rup:Seoul]]
[[ru:Сеул]]
[[ru:Сеул]]
[[sah:Сеул]]
[[sah:Сеул]]

Преработка од 09:39, 21 септември 2009

Светскиот трговски центар

Сеул е главниот град на Јужна Кореја (Република Кореја) и е разположен во северозападниот дел на државата. Сеул е еден од најнаселените градови на светот.(според статистиката во светот го зазема 22 место). Се наоѓа на реката Хан и има население околу 9 748 000 граѓани (2005). Зазима површина од 605.39 km².

Карактеристики

Сеул е разделен од широката близу километар река Хан. Градот е изграден околу Јужната планина. Во моментот, градот е преоптоварен и нема место каде да се шири. Сеул е нов град. На практика главниот град на Јужна Кореја е разрушен во време на јапонската окупација и довршен по време на Корејската војна, кога Северот го презема Југот пред да се замешат американците.

Самиот град се наоѓа на дометна артилерија од страна на Северна Кореја, па ова е и причината поради која се смислува план од страна на јужнокорејската влада за преместување на владините институции. Сеул е еден од најстарите градови во Кореја. Дел од архитектурата на градот е зачуван, кој датира од 14 век. Династијата Горјео ја изградила палатата во Сеул која била наименувана “Јужна престолнина“. Во 1988 година во Сеул се одржале Олимписките игри. Во 2002 година исто така таму се одиграле некои натпревари од Светското првенство во фудбал.

Улица во Сеул

Историја

Историјата на Сеул може да биде проследена уште кога била установена како колонија во Баекје. Се смета дека некогашниот Вириесеонг се наоѓал на местото на денешен Сеул. Тој од тогаш е бил главна метропола на династијата Џосен. Во време кога Јапонија го зазела градот, многу делови биле разрушени по нивната колонизација во текот на 20 век. Во време на Корејската војна градот билскоро цел разрушен и економски и инфраструктурно. Но агресивната економска политика во шеесетите години помогнале градот одново да биде изграден и тоа многу брзо. Во текот на деведесетите години не се направени никакви позначајни историски можности.

Клима

Заедно со остатокот на државата, Сеул има умерено континентална клима и покрај тоа што Јужна Кореја е опкружена од три страни со вода. Летата се обично жешки и влажни, кое трае од јуни до септември. Температурата достигнува од 22 С до 30С. Истотака, и зимите се доста застапени и ладни при кое температурите се движат од 0-10С.

Демографија

Скоро сите жители на Сеул се корејци, со некои мали кинески или јапонски малцинства. Брзо зголемување на населението на мегународните жители претставува близу 2 проценти од целото население. Во Сеул се застапени главно две религии: будизмот и христијанството. И покрај тоа што има повеќе христијани, сепак будистичките храмови се повеќебројни.

Предлошка:Link FA