Георги Прванов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: hr:Georgi Prvanov
с Бот Додава: ie:Georgi Parvanov
Ред 57: Ред 57:
[[hu:Georgi Parvanov]]
[[hu:Georgi Parvanov]]
[[id:Georgi Parvanov]]
[[id:Georgi Parvanov]]
[[ie:Georgi Parvanov]]
[[io:Georgi Parvanov]]
[[io:Georgi Parvanov]]
[[it:Georgi Părvanov]]
[[it:Georgi Părvanov]]

Преработка од 18:26, 16 август 2009

Податотека:Georgi purvanov.jpg
Георги Прванов

Георги Седефчов Прванов (бугарски: Георги Седефчов Първанов) е политичар од Бугарија и претседател на Република Бугарија, избран е на 18 ноември 2001 г. Пред тоа бил претседател на Бугарската социјалистичка партија.

Прванов е роден во селото Сириштник, Перничко на 28 јуни 1957г. Пораснал во соседното село Косача. Георги Прванов е оженет и има два сина. (2005 г.)

Образование и квалификации

Во 1975 Прванов завршил математичката гимназија во Перник. Во 1981 г. дипломирал на Историскиот факултет на СУ „Св. Климент Охридски“ - Софија. Во 1988 г. докторирал во областа на историјата со тема „Димитар Благоев и бугарскиот национален проблем 1879-1917“.

Научна кариера

Во 1981 г. се вработува во Институтот за историја на БКП како научен соработник. Од 1989 година е виш научен соработник. Во периодот 19921996 е директор на Центарот за историски и политиколошки истражувања кон Вишиот Сoвет на БСП.

Политичка кариера

Член е на БСП од 1981 до 2001 г. На 41-от конгрес на БСП (3-6 јуни 1994 г.) е избран за заменик-претседател на ВС на БСП. На 42-от вонреден конгрес на БСП (21-23 декември 1996 г.) е избран за претседател на ВС на БСП. На 43-от (1 и 2 мај 1998г.) и на 44-от конгрес на БСП (6 и 7 мај 2000г.) е реизбран за претседател на ВС на БСП.

Народен пратеник е во 37-то Народно собрание (1994-1997 г.), 38-то Народно собрание (1997-2001 г.) и 39-то Народно собрание. Претседател е на парламентарната група за соработка со Грција и член е на парламентарната Комисија за радио и телевизија (1994-1997 г.), претседател на Парламентарната група на Демократската левица (1997-2001 г.) и на Парламентарната група на Коалицијата за Бугарија во 39-то Народно собрание.

Избран е за претседател на Република Бугарија на изборите во ноември 2001 г. Стапува на должност на 22 јануари 2002 г.

Се сметаа, дека владината коалиција БСП-НДСВ-ДПС, која што е на власт во Бугарија по парламентарните избори во 2005 г., е не само поткрепена, но и создадена од него.

Бил таен соработник на Државна сигурност во сектор РИК (Разузнаване "История и култура") пред 1990 година. Работел по “македонското прашање” под името “Гоце” како редактор на книгата “Габерот” од Методи Димов, емигрант од Македонија, соработник на бугарските агенти.

Извори


  • [1] “Гоце” беше секретен сътрудник