Хајле Селасие: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: it:Hailé Selassié I
Ред 71: Ред 71:
[[sw:Haile Selassie]]
[[sw:Haile Selassie]]
[[ta:முதலாம் ஹைலி செலாசி]]
[[ta:முதலாம் ஹைலி செலாசி]]
[[th:เฮลี เซลาสซีที่ 1]]
[[th:สมเด็จพระจักรพรรดิเฮลี เซลาสซีที่ 1 แห่งเอธิโอเปีย]]
[[tr:Haile Selassie]]
[[tr:Haile Selassie]]
[[uk:Хайле Селассіє I]]
[[uk:Хайле Селассіє I]]

Преработка од 06:29, 4 август 2009

Хајле Силасие е роден како Лиј Тафари Маконен на 23 јули 1892 година во провинцијата Харар. Неговиот татко се викал Рас Маконен. Рас е титула исто како принц, кнез и сл. Неговото потекло се врзува за кралот Менелик I, кој пак води потекло од библискиот цар Соломон. Со еден збор тафари потекнува од кралска лоза. Тафари потекнува од една христијанско-православна фамилија и како таков тој е крстен уште во првиот ден од својот живот. На крштевањето го добива името Хаиле Селасие I. Хајле Селасие во превод знаци сила на светото тројство.

Додека неговиот роднина Менелик I управувал со Етиопија, Селасие бил поставен за гувернер на градот Басо, а со неполни 18 год бил назначен за гувернер на најзначајната област во Етиопија, Харар.

По смртта на цар Менелик на негово место доаѓа неговиот внук Лиј Ијасу. Под притисок на својот татко Рас Михаел, Ијасу започнува да ги проучува исламските обичаи, а ваквата постапка изразила незадоволство кај етиопскиот народ кој е христијански веќе 1600 години. Затоа Ијасу е симнат од престолот, а на негово место доаѓа ќерката на Менелик, Заудиту. Рас Тафари добива малку позначајно место од гувернер. Тој се бори против исламскиот притисок во државата и во 1916 год го поразува Рас Михаел, а во 1921 и неговиот син Ијасу.

Потоа следуваат реформи и Етиопија се издигнува на првото место во Друштвото на народите во Африка (1923). Во 1924 конечно е укината трговијата со робови, а 1928 год Рас Тафари е крунисан за крал (Негус). Царицата Заидиту заплашена од големата популарност на Рас Тафари стравува за престолот. Таа ја свртува војската на својот маж против Тафари, но војската е поразена а нејзиниот маж е убиен. Во 1930 Рас Тафари е крунисан за цар под името Хајле Селасие, со титулата Крал на Кралевите, Господар на Господарите, Освојувачки лав на племето Јудејско, Избраник од Господ, Светлината на овој свет. Овие епитети наидувале на различни реакции кај луѓето односно светот, зошто како такви му се препишуваат на Спасителот на светот, господ Исус Христос.

Во 1931 година Италија ја колонизира Етиопија и се отвара нова војна. На чело на Етиопија е Селасие и во 1935 тој е приморан да побара помош од Англија. Ова доведува до протест во Друштвото на народите проследен со зборовите: „Иако го потпаливте огнот во Африка, Европа е таа што ќе гори.“ Во 1940-41 Селасие успева да ја ослободи земјата потпомогнат од Англија.

По ослободувањето Етиопија станува членка на Обединетите Нации. Кралот донесува нов устав и го стега обрачот во империјата. Во 1960 избива неуспешен државен удар. Во 1961 год во Етиопија доаѓа Растафаријанска мисија, а во 1966 год Селасиe оди на Јамајка каде е срдечно дочекан, а тој датум 21 април растафаријанците и денес го слават познат како „Гроунатион даѕ”. Меѓутоа Селасие не ја признавал ниту пак ја подражавал растафаријанската вера.

Во 1974 год Селасие е приморан да ја предаде власт на воениот комитет. Во 1975 умира. Пред само неколку години се рашири веста низ светот дека Селасие е сурово убиен.

Етиопија до денес останува единствена африканска земја која никогаш не била освоена од никој. Голема заслуга за тоа има и Хајле Селасие кој и денес живее во срцето на секој Раста, каkо Јах Растафари, крал над кралевите.