Разлика помеѓу преработките на „Српско-бугарска војна“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с
Бот менува: превзема... -> презема..., по голем -> поголем
с (Српско-бугарска Војна преместена како Српско-бугарска војна преку пренасочување)
с (Бот менува: превзема... -> презема..., по голем -> поголем)
Првите борби биле водени на 2.ноември кај гр. Цариброд, кој истиот ден бил заземен од страна на Нишавската армија. По овие први воени порази и во услови на сооднос на силите од седум на спрема еден во корист на српската армија, бугарските единици биле принудени да се повлекуваат кон позициите кај гр. Драгоман. На 3.ноември по тешки и упорни борби Нишавската армија го заземала Драгоманскиот теснец, селото Врапча и местото Велики Руј.
 
На југ од гр. Цариброд настапила српската Шумадиска дивизија во намерата да го запоседне патот Пирот-Трн-Брезник и во содејство со Моравската дивизија, откако ќе го превзематпреземат Трн и Брезник, да навлезат од југ во Софиското поле и изолирајќи го бугарскиот Ќустендилски одред, да се соединат со Дунавската дивизија, која настапувала од центарот на фронтот. Но, наидувајќи на силен отпор од бугарските единици, Шумадиската дивизија напредувала само 15 km, а бугарските трупи се повлекувале, отстапувајќи кон градот Трн. Во постојано напредување српските војски, по тешки борби и големи загуби на бугарска страна, на 4.ноември го заземале гр. Трн.
 
Бугарската војска и понатаму се повлекувала, но сега утврдувајќи се на позициите кај с. Сливница, а исто така и српската армија успеала да се пробие кон Сливница. Положбата на бугарската војска била тешка и на воениот совет на бугарската армија, одржан на 4.ноември со учество на кнезот Александар I, било решено кај Сливница да се групира поголем дел од војската и следниот ден да се започне битка, во која би се одбиле српските напади додека не пристигне источно-румелиската војска. Кај Сливница на 4 ноември бугарската војска броела сé на сé околу 12.000 луѓе, наспроти скоро 25.000 српски војници.
На 14.ноември големите сили, на предлог на Русија, ñ врачиле нота на бугарската влада за прекинување на воените дејства. Бугарскиот министер за надворешни работи Цанов ја одбил нотата со образложение дека кнезот Александар I се наоѓа на фронтот каде се водела тешка битка и дека Србите, кои и самите барале примирирје, продолжиле со нападите на Видин.
 
На 14.ноември по една жестока битка во близина на гр. Пирот, и по големпоголем број жртви на двете страни, бугарската армија ги пробила позициите на српската Нишавска армија, по што Србите била принудени да отстапат назад во паника и метеж. По битката, српската главна Нишавска армија била расцепена на два дела: Шумадиската и Дунавската дивизија се повлекувал кон Књажевац, а Моравската и Дринската дивизија на југозапад. По оваа победа Бугарите влегле во Пирот и го запоседнале, такашто патот кон Ниш им бил отворен.
 
Додека на јужниот, решавачки фронт, Бугарите напредувале и нанесувале порази на противникот, на северниот фронт бугарските војски давале сериозен отпор на српските напади. Откако го освоиле гр. Кула и го опсадиле гр. Видин од копно, Србите ги насочиле своите трупи кон гр. Белоградчик и с. Арчар-Вибдол на р. Дунав. На 11. и на 16.ноември околу 6.000 бугарски војници со 31 артилериско орудие и 5 митралеза, од Видинската тврдина, ги одбиле силните напади на околу 15.000 српски војници. На 17.ноември на предлог на српскиот командант ген. Лешјанин, бугарскиот заповедник на Северниот одред кап. Узунов се согласил на примирје. За време на примирјето, на двете страни пристигнале повеќе дипломатски мисии на големите сили со цел да се одредат условите на примирјето и на 9 декември примирјето било потпишано, според кое двете армии требало да се повлечат до крајот на месецот на старите граници.
941.847

уредувања

Прегледник