Википедија:Претпоставете добронамерност: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
почеток на ова напатствие
(нема разлика)

Преработка од 02:31, 23 јули 2009

Оваа страница е напатствие на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ПД
ВП:ПДН
ВП:ДНАМЕРИ
ВП:ДОБРИНАМЕРИ
Најважното од страницава:
  • Освен ако има силен доказ за спротивното, претпоставете дека луѓето кои работат на проектот се обидуваат да му помогнат, а не да му наштетат.
  • Ако е потребна критика, дискутирајте ги постапките на уредувачите, но одбегнувајте обвинувања кон другите за штетни мотиви без некои особено силни докази.

Претпоставувањето на добронамерност кон останатите корисници е основен принцип врз кој Википедија е изградена. Повеќето луѓе се обидуваат да му помогнат на проектов — не да му наштетат. Ако ова беше лажно, Википедија, земајќи ја предвид нејзината природа, ќе беше пропадната уште во самиот почеток.

Кога ќе дојде до несогласување, објаснете се себеси преку страници за разговор и дадете им на останатите шанса да го направат истото. Обидете се да го разгледате прашањето од другата перспектива кога ќе дојде до несогласување и пронаоѓајте начини за да стасате до консензус.

Кога ќе забележите дека останатите фрлаат сомнеж врз нивните сопствени добри намери, Вие продолжете да претпоставувате добронамерност од нив онаму каде што можете. Бидете учтив и подобро следете го процесот за разрешување на спорови отколку да напаѓате уредувачи и да почнувате уредувачки војни со нив.

Видете исто така