Штокавско наречје: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 13: | Ред 13: | ||
[[hr:Štokavsko narječje]] |
[[hr:Štokavsko narječje]] |
||
[[it:Štokavo]] |
[[it:Štokavo]] |
||
[[en:Shtokavian dialect]] |
|||
[[nl:Štokavisch]] |
[[nl:Štokavisch]] |
||
[[ja:シュト方言]] |
[[ja:シュト方言]] |
Преработка од 13:25, 21 јули 2009
Штокавското наречје зафаќа најголем дел од српскохрватската јазична територија. Тоа се протега низ цела Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во голем дел од Хрватска, источно и југоисточно од нејзините чакавски и кајкавски наречја. Северозападната и северната граница на штокавското наречје ја сочинуваат линијата од Јадранското Море до реката Драва: Нови Винодол - Огулин - Карловац - Сисак - Бјеловар - Вировитица, каде што ова наречје е во допир со чакавското и кајкавското. Од таа линија штокавското наречје го исполнува целиот простор кон исток меѓу јадранскиот брег (оставајќи му на чакавскиот само тенок појас на делот на брегот од Задар до Омиш и до половината на островот Пељешац, како и до островот Млет и Дубровничкото приморје) и до државните граници со Унгарија, Романија, Бугарија, до границата со македонскиот јазик и државните граници со Албанија. Со ова наречје зборуваат и српските односно хрватските национални малцинства во Унгарија, Романија и Италија. Врз осонва на тоа со кој од гласовите е заменет стариот глас јат, штокавското наречје се дели на Екавски изговор, Ијекавски изговор и Икавски изговор, а во однос на развојот на акцентот и формата - на постари штокавски дијалекти и помлади штокавски дијалекти (новоштокавски).