Рог на изобилството: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: hu:Bőségszaru
Ред 43: Ред 43:
[[sl:Cornucopia]]
[[sl:Cornucopia]]
[[sv:Ymnighetshorn]]
[[sv:Ymnighetshorn]]
[[th:กรวยแห่งความอุดมสมบูรณ์]]
[[uk:Ріг достатку]]
[[uk:Ріг достатку]]

Преработка од 16:48, 17 мај 2009

Статуа на римската царица Ливија со рог на изобилството

Рог на изобилството или корнукопија (лат. Cornu Copiae) е симбол за храна и изобилство кој датира од V век п.н.е.. Наречен е и „рогот на Амалтеја“.

Во грчката митологија, козата Амалтеја го одгледала Зевс со своето млеко. Подоцна тој му дал моќ на рогот од него да може да извираат секакви богатства. Ова е симбол на разни божества, меѓу кои Помона, Фортуна, Бона Деа и други кои се прикажани со рогот. Еве како гласи митот:

Бидејќи не можела да биде постојано покрај него, Реја уредила кога ќе заплаче [Зевс] по храна, една прекрасна коза, Амалтеја, да му ги нуди своите бујни боски. Така Зевс растел брзо и станувал силно и здраво дете. Кога еден ден си играл со Амалтеја, тој толку силно ја зграпшил за едниот рог, што ѝ го скршил. Козата започнала тажно да блее: „Меее! Меее!“ Тогаш Зевс многу ја сожалил, па затоа ѝ ветил дека кога ќе го прогони Хронос од престолот и кога тој ќе стане цар на светот, ќе направи така што скршениот рог на Амалтеја да добие чудотворна сила, имено, од него да течат како од некоја бујна река сите богатства на светот: житото, млекото, медот, почестите, славата и сѐ што е најубаво! Блажен ќе биде тој на кого ќе му припадне тој рог![1]

Во совремието рогот е прикажан како шуплива кошница, наполнета со најразлично овошје и зеленчук. Во САД се асоцира ро Денот на благодарноста и жетвата.

Наводи

  1. Грчки митови: избор, превод и адаптација од грчкиот оригинал, стр. 19, Паскал Гилевски, Скопје, СИЛСОНС, 2001




Зевс Оваа статија за старогрчката митологија е никулец.
Можете да помогнете во нејзината дообработка.