Сварог: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
средување
s
Ред 1: Ред 1:
Прабогот на старите Словени бил познат под името '''Сварог'''. Неговото друго име, веројатно, е '''Род'''. Во Хрониката на Хемолд е запишано:
Прабогот на старите Словени бил познат под името '''Сварог'''. Неговото друго име, веројатно, е '''Род'''. Во Хрониката на Хемолд е запишано:


''„Меѓу разните богови на кои им се припишува власт над полињата, шумите, над тагите и веселбите, тие (Словените) не одрекуваат дека еден бог заповеда одозгора, од небото над сите останати. Тој семоќен бог се занимава само со небесните работи. Сите останати имаат посебно занимање и работа, та нему му се покоруваат. Тие произлегуваат од неговата крв и важни се онолку колку што се блиску до овој бог на боговите.“''
{{cquote|Меѓу разните богови на кои им се припишува власт над полињата, шумите, над тагите и веселбите, тие (Словените) не одрекуваат дека еден бог заповеда одозгора, од небото над сите останати. Тој семоќен бог се занимава само со небесните работи. Сите останати имаат посебно занимање и работа, та нему му се покоруваат. Тие произлегуваат од неговата крв и важни се онолку колку што се блиску до овој бог на боговите.}}


Неговото име не е споменато, но јасно е дека не станува збор за [[Перун]].
Неговото име не е споменато, но јасно е дека не станува збор за [[Перун]].

Преработка од 18:32, 16 мај 2009

Прабогот на старите Словени бил познат под името Сварог. Неговото друго име, веројатно, е Род. Во Хрониката на Хемолд е запишано:

Меѓу разните богови на кои им се припишува власт над полињата, шумите, над тагите и веселбите, тие (Словените) не одрекуваат дека еден бог заповеда одозгора, од небото над сите останати. Тој семоќен бог се занимава само со небесните работи. Сите останати имаат посебно занимање и работа, та нему му се покоруваат. Тие произлегуваат од неговата крв и важни се онолку колку што се блиску до овој бог на боговите.

Неговото име не е споменато, но јасно е дека не станува збор за Перун. Треба да се земат предвид и зборовите на хроничарот Нестор, во врска со договорите меѓу Русите и Византијците од 945 и 947 година. Таму се вели:

„Оние Руси-христијани што ќе го прекршат овој договор, да бидат казнети од семоќниот Бог, а оние што не се крстени, да бидат лишени од секоја помош од Бога и Перуна.“

Очигледно е дека Русите се колнеле во еден бог што е поставен пред Перун. Кое е името на тој безимен бог? Според Ипатиевскиот летопис од 11 век, името на тој бог е Сварог. Тој е татко на Сонцето-цар, Дажбог. Етимологијата на Свароговото име е утврдена и неговиот корен го наоѓаме во санскритскиот збор за небо - svarga. Буквално, Сварог значи `небесен`.

Сварог во христијанството

Иако во скриена и замаглена форма, остатоци од Свароговиот култ се задржани до денешен ден кај сите словенски народи. Обично се смета дека, барем во некоја мера, тој 'преживеал` во народното сфаќање за христијанскиот Господ Бог. Познато е дека кај Источните Словени, неговите функции се пренесени на Свети Кузмодемјан, кој претставува народен спој од имињата на христијанските светци Козма и Дамјан. Таму Свети Кузмодемјан се јавува и како заштитник на бракот. Понекогаш во песните се спомнува и под името Свети Кузма. Академик Борис Рибаков во својата книга "Јазичеството на древните Словени" дава интересни примери на делови од свадбените песни кај Источните Словени.

Особено се интригантни стиховите како:

Свети Кузма-баќушка, боже мој, боже мој; Пречиста Мајчице, заиграј ни на свадба!


Ти свети Боже, Кузмодемјан, дојди ни на свадба нам, со своите апостоли.

Занимливо е како во своите обредни песни, народот овој светец го ословувал и како бог. Тој е ставен во ист ред и со Пречистата Мајчица (очигледно - Богородица), а израмнет е и со Исус Христос, така што тој, а не Исус, е повикан да дојде со своите апостоли. Тој е повикуван и да ја 'скове` (направи) свадбата, со што се потврдува и како покровител на ковачкиот занает и бракот. Видливи остатоци од култот кон неговиот син Сварожич останале и до денешен ден и тоа во прилично жива форма. Тоа, пред сѐ, се однесува на празнувањето на Божик и палењето големи коледарски огнови, ако се знае дека во источнословенските записи, Сварожич се јавува како и како бог на огнот. Воочлива е и паралелата Бог-Божиќ, Сварог-Сварожич, а се претпоставува дека и самото име на празникот Божик (Божиќ, Божич) има претхристијанско потекло. Драгоцени податоци имаме и од фолклорните материјали собрани во 19 век, каде што наоѓаме и божикни песни, во кои се говори за раѓањето на 'Бела Бога', што асоцира на Белобог, едно од имињата на богот на светлината и огнот. Со името на Сварог се поврзани некои локалитети, кои зборуваат за неговиот култ. Такви се, на пример, Сварожин и Сваришево во Полска. Како единствен на Балканот, го среќаваме топонимот Сварог во бугарското село Ракита, Брезнишко. Станува збор за една височинка покрај река.

Сварожиќ

Сварожиќ според повеќето извори бил бог на сонцето, персонификација на огнот, а некаде и бог на ветриштата. Според старите извори Словените му се молеле на огнот именувајќи го со името Сварожиќ. Деминутивниот облик веројатно следел по верувањата дека е тој син на Сварог, за што кај Русите постојат и пишани податоци. Кај Јужните Словени името на Сварог се задржало во некои коледарски божиќни песни каде во прославите на раѓањето на новото сонце дошло до блага идентификација на Сварожиќ и раѓањето на малиот христијански бог. Меѓу словенските народи се појавува и идентификација помеѓу Сварожиќ и Дажбог, но и можноста и двата да се синовите на Сварог.

Литература

  • Vasiljev, Spasoje: "Slovenska mitologija"
  • Б. А. Рыбаков: "Язычество древних славян"
  • Zaroff, Roman: Organised pagan cult in Kievan Rus`. The invention of foreign elite or evolution of local tradition?
  • Калоянов, Анчо: Старобългарското езичество
  • Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје, ISBN: 9989-918-97-X.