Референдум во Македонија (2004): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
LBakraceski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
 
LBakraceski (разговор | придонеси)
Ред 14: Ред 14:


*Изборни органи што го спроведувале референдумот се:
*Изборни органи што го спроведувале референдумот се:
- Државната изборна комисија,
- Државната изборна комисија, 34 општински изборни комисии, 2.973 избирачки одбори.
-34 општински изборни комисии,
-2.973 избирачки одбори.


==Политички импликации==
==Политички импликации==

Преработка од 18:41, 7 август 2006

Според Уставот на Република Македонија, и Законот за Референдум и граѓанска иницијатива објавен во Службен весник на РМ бр. 24/98, а по барање на 180 545 граѓани на Република Македонија со право на глас, собранието на Македонија го распиша задолжителниот референдум за територијалната организација на Република Македонија. Референдумот се одржа на 7 Ноември 2004. На овој референдум гласачите со ЗА и ПРОТИВ се изјаснуваа по прашањето:

Дали сте за територијалната организација на локалната самоуправа (општините и градот Скопје) утврдена со Законот за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.49/96) и Законот за градот Скопје (“Службен весник на Република Македонија бр.49/96)?

Иницијатор за собирање на потписите беше Светскиот македонски конгрес

Изборна статистика

  • Право на глас имале 1.709.536 лица, запишани во Избирачкиот список.
  • Гласањето се одвивало на 2.973 гласачки места кои се отворени од 07 до 19 часот.
  • Целата територија на Република Македонија била една изборна единица.
  • Изборни органи што го спроведувале референдумот се:

- Државната изборна комисија, 34 општински изборни комисии, 2.973 избирачки одбори.

Политички импликации

Иако целокупниот опозиционен блок застана позади иницијативата за референдум, СДСМ и владеачката коалиција се противеа на референдумската иницијатива и бараа граѓаните да гласаат негативно на референдумот, стравувајќи од етнички поделби и тензии. Меѓународната заедница исто така се одлучи негативно да се произнесе по референдумската иницијатива. Најгласни во барањето беа САД кои и 2 дена пред референдумот ја признаа Македонија под уставното име.

Резултати

Од вкупниот број гласачи, на референдумот излегле 454 347 или 26.58%, од тоа бројот на валидни гласачки ливчиња бил 449 324 или 26.28%.

  • ЗА гласале: 427 112 или 94.01%
  • ПРОТИВ гласале: 22 212 или 4.89%

Надворешни линкови