Љубовта е вечна: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нењ
Нема опис на уредувањето
Ред 18: Ред 18:
|website = http://www2.esmas.com/entretenimiento/telenovelas/manana-es-para-siempre
|website = http://www2.esmas.com/entretenimiento/telenovelas/manana-es-para-siempre
|imdb_id =
|imdb_id =
|followed_by = [[Волшебство (серија)|Волшебство]] (2009)
|followed_by = [[Љубовна магија]] (2009)
}}
}}
'''Утре е засекогаш''' ([[шпански|шпански јазик]]: '''Mañana es para siempre''') е [[Мексико|мексиканска]] [[теленовела]]. Серијата е римејк на популарната [[Колумбија|колумбиска]] [[теленовела]] од [[2006]] год, '''Pura Sangre'''. Во главните улоги настапуваат [[Лусеро]] ([[Алборада]], [[Љубовни врски]]) која после 12 години повторно се појавува на малите екрани како негативка, [[Силвија Наваро]] и популарниот [[Мексико|мексикански]] актер [[Фернандо Колунга]]. Серијата со прикажување во [[Мексико]] започна на [[20 октомври]] делејќи го својот термин со последните епизоди од серијата [[Оган во крвта]].
'''Утре е засекогаш''' ([[шпански|шпански јазик]]: '''Mañana es para siempre''') е [[Мексико|мексиканска]] [[теленовела]]. Серијата е римејк на популарната [[Колумбија|колумбиска]] [[теленовела]] од [[2006]] год, '''Pura Sangre'''. Во главните улоги настапуваат [[Лусеро]] ([[Алборада]], [[Љубовни врски]]) која после 12 години повторно се појавува на малите екрани како негативка, [[Силвија Наваро]] и популарниот [[Мексико|мексикански]] актер [[Фернандо Колунга]]. Серијата со прикажување во [[Мексико]] започна на [[20 октомври]] делејќи го својот термин со последните епизоди од серијата [[Оган во крвта]].

Преработка од 00:35, 14 мај 2009

Предлошка:Инфокутија Телевизиска емисија Утре е засекогаш (шпански јазик: Mañana es para siempre) е мексиканска теленовела. Серијата е римејк на популарната колумбиска теленовела од 2006 год, Pura Sangre. Во главните улоги настапуваат Лусеро (Алборада, Љубовни врски) која после 12 години повторно се појавува на малите екрани како негативка, Силвија Наваро и популарниот мексикански актер Фернандо Колунга. Серијата со прикажување во Мексико започна на 20 октомври делејќи го својот термин со последните епизоди од серијата Оган во крвта.

Синопсис

Фернанда е најмладата ќерка на Гонзало Елизалде, газда на голема хациенда и важна млечна компанија. Едуардо е син на Соледад, нивната слугинка. Двете деца биле заедно одгледани, без разлика на нивните класни разлики, бидејќи тие се споени од една чиста и невина љубов. Гонзало е женет и има среќен живот со неговата сопруга Монсерат и нивните 5 деца, свесен на опасностите што го чекаат. Артемио Браво го мрази Гонзало и единствената негова цел е да ја уништи цела фамилија Елизалде, полека и болно. Неговиот прв шпион за таа перверзна игра е Ребека Санчез, бескрупулозна млада жена која ја осигурува позицијата во компанијата на Гонзало под името Барбара Греко. Нејзината способност, делотворност и остар карактер го маѓепсува Гонзало и ја вработува како негов личен асистент. Со текот на времето таа ја добива целата негова верба. Првите почетни цели на Барбара се Фернанда и Едуардо. Фаќајќи ги двајцата во млад невин бакнеж, таа му кажува на Гонзало дека тој е опасност за неговата ќерка и дека треба да оди во воено училиште надвор од градот. Но детските писма кои Едуардо и ги праќал на Фернандо се стопирани од Соледад, неговата мајка, сфаќајќи го тоа дека таа љубов е невозможно, додека пак Фернанда помислува дека тој целосно заборавил на неа. Следниот потег на Артемио т.е наредба која мора да ја изврши Барбара е тоа таа да стане кралицата на Гонзало, а тоа значи дека Монсерат мора да умре. Барбара ја убива Монсерат со перница, а згора на се и поставува на ќерката на Гонзало, Лилијана, дрога и ја обвинува за смртта на мајка и. Поради тие дроги и апчиња, Лилијана ја носат во психијатриска болница каде и покрај нејзиното добро здравје таа таму се пореметува. После некое време, Гонзало се венчава за Барбара и и дава место во одборот на неговата компанија. Соледад е единствената која ги сфатила и ги знае сите злосторства на Барбара, но таа е присилена да ја крие тајната. Со години таа живее во страв, и недостасува нејзиниот син Едуардо и е под закана дека ако каже за злосторствата на Барбара, нејзиниот син ќе биде убиен. Времето поминува и Едуардо се враќа после завршувањето на магистратурата во странство, само како би дошол кај својата мајка која е тешко болна. Таа му кажува за нејзините стравови и тој решава да стави се под ред. Барбара добива свој нов соучесник, Дамјан, како би се заљубил во Фернанда и ќе се ожени за неа. Користејќи го името Франко Санторо, Едуардо добива вработување во фирмата на Гонзало и е решен да ги открие маскираните лица на сите одговорни за злосторствата и неговото минато. Фернанда е привлечена од новиот дојденик, и наскоро дознава дека детската љубов никогаш не загинала. Пред нејзината смрт, Соледад и дава на Лилијана мал ковчег каде се чуваат сите тајни и неволји, во надеж дека еден ден ќе се ослободи и ќе ги каже сите гревови кои и го уништија животот. Недолго после тоа, Едуардо со помош на Лилијана им ја откриваат Барбара на полицијата. Но во откривувањата се дознава дека Артемио е полубрат на Гонзало и дека неговата цел е да го уништи него и неговата фамилија. Дамјан и Барбара продолжуваат со своите завери. Црниот облак кој виси над семејството Елизалде е конечно подигнат, но ништо нема да стои на патот кон среќата на Едуардо и Фернанда, бидејќи тие знаат дека најголемата сила е вистинската љубов. Денес можеби е невозможно... но утре е засекогаш.

Улоги

Глумци Ликови
Лусеро Барбара Греко де Елизалде / Ребека Санчез
Силвија Наваро Фернанда Елизалде
Фернандо Колунга Едуардо Хуарез (Франко Санторо)
Серхио Сендел Дамијан Гаљардо
Рохелио Гера Дон Гонзало Елизалде
Марија Рохо Соледад Круз
Ерика Буенфил Монсерат Ривера де Елизалде
Доминика Палета Лилијана Елизалде

Надворешни врски