Свастика: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Бот Додава: hi:स्वस्तिक
Ред 34: Ред 34:
[[fr:Svastika]]
[[fr:Svastika]]
[[he:צלב קרס]]
[[he:צלב קרס]]
[[hi:स्वस्तिक]]
[[hr:Svastika]]
[[hr:Svastika]]
[[hu:Szvasztika]]
[[hu:Szvasztika]]

Преработка од 03:46, 28 април 2009

Свастика свртена кон десно во украсна хиндуистичка форма
Препознатливиот симбол (свастика) на Третиот Рајх.

Кукаст крст (германски: Hakenkreuz) или Свастика (санскрит: स्वास्तिक) е крст со еднакви страни со прекршени краци под прав агол кон десно (卐) или лево (卍). Изразот потекнува од санскритскиот збор свасти, што значи добробит. Тајскиот поздрав со споени дланки (како при молитва) има исти корени и исто значење.

Свастиката е ширококористен симбол во дармиските религии (хиндуизам, будизам и џаинизам). Хиндуистите често ја украсуваат свастиката со по една точка во секој квадрант. Во Индија е премногу чест и вообичаен симбол, така што е дел од неколку деванагари азбуки. Исто така е дел и од модерниот Уникод. Често се наоѓа во верски текстови, покани за свадби, украси итн. Се користи за обележување религиозни знамиња во џаинизмот и будистички храмови во Азија.

Постојат археолошки докази дека облици на свастика датираат од Неолитот. Во 1920 свастиката била позајмена како нацистички симбол и од тогаш е контроверзен симбол. Во западниот свет, свастиката е најпозната како симбол на нацизмот, што го извртува историското значење на симболот на истокот.

Се среќава и во други азиски, европски, африкански и староамерикански (индијански) култури, некогаш како геометриски мотив, некогаш како религиозен симбол.


Предлошка:Link FA