Универзитет на Југоисточна Европа: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 31: Ред 31:


ЈИЕ Универзитетот сака да развие силни врски со другите академски институции за да промовира размена на информации, кадар и студенти и да го подобри квалитетот на академските програми. Формални договори за соработка беа потпишани со Универзитетот Нант и Универзитетот Анже и Ренн, Универзитетот од Приштина, Универзитетот од Тирана и Универзитетот од Питсбург во Пенсилванија, САД.
ЈИЕ Универзитетот сака да развие силни врски со другите академски институции за да промовира размена на информации, кадар и студенти и да го подобри квалитетот на академските програми. Формални договори за соработка беа потпишани со Универзитетот Нант и Универзитетот Анже и Ренн, Универзитетот од Приштина, Универзитетот од Тирана и Универзитетот од Питсбург во Пенсилванија, САД.

==Мисија на Универзитетот==
Мисијата на Универзитетот е чувана во документ и е донесена од основачот. Според тоа Универзитетот е осигуран дека во било кое време неговите активност ќе:



*Биде општествено одговорен за сите студенти на база на еднаквост и квалитет,не земајќи ја во предвид идеолошката, политичката, културната и социјалната позадина.

*Биде посветен на aлбанската култура, јазик и популација , воедно дефинирана во поширик меѓународен контекст со повеќејазичен пристап кон предавањата и истражувањата.

*Нуди широк спектар на предмети од социо-економските дисциплини и науки, поткрепени со темелни обуки на флексибилни вештини и истражувања прилагодени според актуелните академски развитоци.

*Непрекинато и селективно ќе го развива процесот на долгорочна и континуирана едукација.

*Ги постави академските понуди во поширок општествен контекст и ќе се обврзе на посојан дијалог со својата средина.

*Развива и промовира истражувања во академското поле на делување. Биде насочена кон развивањето на една високо-образовна институција која ќе грижи за примената на своите активности во економијата и општеството во целост.

*Биде насочена кон создавање на стимулирачка атмосфера за својот кадар и ќе му овозможи да ги развива своите академски способности со што ќе и помогне на Универзитетската Фондација на ЈИЕ во [[Тетово]] да ја реализира својата мисија


==Факултети==
==Факултети==

Преработка од 22:21, 24 април 2009

Југоисточен Европски Универзитет, South-east European University
Лого на ЈИЕУ
Лого на ЈИЕУ
ВидПриватен Универзитет
Основан2000
Студенти5200
МестоТетово, Македонија
Официјална интернет страна

Југоисточен Европски Универзитет или скратено ЈИЕ е приватен универзитет во Тетово и Скопје. Главното седиште на универзитетот е во Тетово, формиран во 2000 година.

Историја на универзитетот

Пролетта 2000 Високиот Комисионер за национални малцинства на ОБСЕ даде иницијатаива за дискусија за фондација на интернационални донатори за нов универзитет во Република Македонија. Следејќи го усвојувањето на законот за високо образование од страна на Парламентот на Република Македонија кој дозволува основање на универзитети со не-државно финансирање и деталното планирање започна кон крајот на 2000. Изградбата започна во март 2001 и Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) се отвори шест месеци подоцна со 900 студенти. Во октомври 2002 бројот на студентитите се покачи на 2250, а во октомври 2003 ЈИЕУ имаше 3700 студенти. Целокупниот сегашен број на студенти во ЈИЕУ е 5200.

Универзитетот е унитарна институција со пет Факултети-Правен, Бизнис Администрација , Јавна Администрација, Комуникациски науки и технологии, Педагошка и методолошка обука. Исто така има и две други академски единици: Виша школа за англиски јазик и Виша школа за информатичка технологија (Информатика).

Универзитетот има политика на флексибилно учење на јазиците, но во исто време обезбедува и курсеви на македонски, албански и англиски јазик.Сите студенти го изучуваат англискиот јазик (и изборно францускиот или германскиот јазик) за да применат настава на англиски јазик со интернационален и визитинг академски кадар. Почетната фаза на развојот на ЈИЕ Универзитетот беше овозможна со помош на донациите на земјите од ОБСЕ и ЕУ и САД од околу 36 милиони евра. Дел од придонесот на САД е обврзан со три годишната соработка со Универзитетот Индијана кој дава поддршка на развојот на факултетите и наставниот план. Индијана Универзитетот беше избран преку конкурс и ќе продолжи со соработката во следните три години почнувајќи од академската 2004/2005 година.

Универзитетот зафаќа функционални простории вклучувајќи два амфитеатри, приближно околу 50 простории за предавање, канцаларии за кадарот, два центри за комјутери според последниот збор на техниката, библиотека и станбено сместување за 450 студенти. Универзитетскиот ИТ систем е конектиран со Интернет со сателитска врска обезбедувајќи можности за видео конференции и трансфер на податоци со голема брзина. Според македонскиот закон Универзитетот е класифициран како ,,приватен” за да се разликува од ,,јавните” институции кои добиваат директно финансирање од државата. Како последица на тоа школарината е генерално повисока од онаа која се наплатува на јавните универзитети на студентите кои не можат да добијат место финансирано од државата. Финансиската програма за помош е достапна за да ги подобри можностите за пристап на дискримираните групи. Се очекува дека Универзитетот се проширува од почетната фаза на развој во рамките на прописите за високо образование, и ќе биде подобен за делумно државно финнсирање.

Законот за Високо Образование бара од институциите за високо образование да достават процеси за лиценцирање и акредитација за да се обезбеди квалитетот на академските одреби( вклучувајќи ја тука и проверката на академските квцалификации на наставниот кадар) и во случај на ,,приватни институции”, финансиската поддршка. Универзитетот ги почитува целосно овие барања и сите програми се акредитирани од страна на државата. Сите курсеви се модуларни и го следат примерот на Европскиот Кредитен Трансфер Систем.

ЈИЕ Универзитетот сака да развие силни врски со другите академски институции за да промовира размена на информации, кадар и студенти и да го подобри квалитетот на академските програми. Формални договори за соработка беа потпишани со Универзитетот Нант и Универзитетот Анже и Ренн, Универзитетот од Приштина, Универзитетот од Тирана и Универзитетот од Питсбург во Пенсилванија, САД.

Факултети

  • Факултет за јазици, култури и комуникации
  • Правен Факултет
  • Факултете за бизнис администрација
  • Факултет за јавна администрација и политички науки
  • Факултет за современи науки и технологии

Надворешни врски