Сефер Ага: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с катег.
с ситно
Ред 1: Ред 1:
'''Сефер Ага''' е познат припадник на [[Башибозук|башибозучки]] чети, којшто дејствувал и при задушувањето на [[Илинденско востание|Илинденското востание]] и во една битка загинал. Имено, неговиот башибозук заедно со уште 1.000 [[Турци|турски]] војници стапиле во борба со 500-тината востаници коишто од [[Кичево]] се повлекле во селото [[Карбуница]], неуспевајќи да го заземат градот. При таа битка загинале стотина Турци меѓу кои самиот водач на башибозукот Сефер Ага.
'''Сефер Ага''' е познат припадник на [[Башибозук|башибозучки]] чети, којшто учествувал и при задушувањето на [[Илинденско востание|Илинденското востание]], при што во една битка загинал. Имено, неговиот башибозук заедно со уште 1.000 [[Турци|турски]] војници стапиле во борба со 500-тината востаници коишто неуспевајќи да го заземат градот [[Кичево]] се повлекле во селото [[Карбуница]]. При таа битка загинале стотина Турци меѓу кои и самиот предводник на башибозукот, Сефер Ага.


За таа случка народот испеал и песна:
За таа случка народот испеал и песна:
Ред 13: Ред 13:


Не оди Сефер село Карбуница,</br>
Не оди Сефер село Карбуница,</br>
село Карбуница горе Ѓурчевица.</br>
село Карбуница горе Ѓурѓевица.</br>
Бре Сефер, аго бре,</br>
Бре Сефер, аго бре,</br>
бре, клето Турче, бре.</br>
бре, клето Турче, бре.</br>
Ред 27: Ред 27:


Тебе ќе фатат, глава ќе ти сечат,</br>
Тебе ќе фатат, глава ќе ти сечат,</br>
глава ќе ти сечат арамиска.</br>
глава ќе ти сечат, глава арамиска.</br>
Бре Сефер, аго бре,</br>
Бре Сефер, аго бре,</br>
бре, клето Турче, бре.</br>
бре, клето Турче, бре.</br>

Преработка од 20:29, 25 март 2009

Сефер Ага е познат припадник на башибозучки чети, којшто учествувал и при задушувањето на Илинденското востание, при што во една битка загинал. Имено, неговиот башибозук заедно со уште 1.000 турски војници стапиле во борба со 500-тината востаници коишто неуспевајќи да го заземат градот Кичево се повлекле во селото Карбуница. При таа битка загинале стотина Турци меѓу кои и самиот предводник на башибозукот, Сефер Ага.

За таа случка народот испеал и песна:

Не оди Сефер село Карбуница

Нели ти реков, седи не оди,
седи не оди, село Карбуница?
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.

Не оди Сефер село Карбуница,
село Карбуница горе Ѓурѓевица.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.

Таму ми те чекат славните комити,
славните комити, сè одбор јунаци.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.

Тебе ќе фатат, глава ќе ти сечат,
глава ќе ти сечат, глава арамиска.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.

Ќе ти пресечат глава до рамена,
глава до рамена, нозе до колена.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.