Знаме на Бутан: Разлика помеѓу преработките
nova |
(нема разлика)
|
Преработка од 12:36, 6 март 2009
Националното знаме на Бутан се состои од бел змеј на жолта и портокалова површина. Знамето е поделено дијагонално од гониот десен кон долниот лев агол составувајќи два тријаголника. Горниот тријаголник е жолт а додека долниот е портокалов. Змејот се наоѓа во центарот и се протега праволиниски со поделбата на позадината.
Ова знаме со некои модификации се користело уште од 19 век. Моменталното знаме се користи од 1960.
Змејот што е претставен на знамето е Друк или „Громовит Змеј“ што го претставува локалното име на Бутан, Земја на Земјот. Змејот има скапоцени камења во рацете што претставува богатство. Жолтата позадина ја претставува секуларната монархија во земјата, а додека портокаловата го претставува будизмот.
Ова знаме е едно од ретките што имаат портокалова боја и едно од двете национални знамиња што имаат змеј, другото е знамето на Велс.
Историски знамиња
-
Првото знаме на Бутан користено до 1956.
-
Знамето на Бутан од 1956 до 1969.