Фаусто Покар: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Нова статија
(нема разлика)

Преработка од 02:54, 28 февруари 2009

Фаусто Покар (итал. Fausto Pocar) (р. 1939) е италијански правник и претседател на Хашкиот трибунал. Тој е професор по меѓународно право на Миланскиот универзитет. Од 1984 до 2000 бил член на Комитетот за човекови права на ООН, со кој претседавал од 1991 до 1992. Покар служел и во италијанската делегација во Генералното собрание на ООН во Њујорк, како и во Советот за човекови права на ООН во Женева на неколку наврати. Во 1999 бил назначен а судија на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (Хашкиот трибунал), и служи како негов претседател од 2005. Покар членува и во апелационата комора на Меѓународниот кривичен суд за Руанда од 2000 г.

Наводи



Предлошка:UN-bio-stub