Бисалтија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: Aлександар → Александар
 
Ред 18: Ред 18:
{{Области во Античка Македонија}}
{{Области во Античка Македонија}}


[[Категорија:Области во Кралството Македонија]]
[[Категорија:Области во Античка Македонија]]
[[Категорија:Долна Македонија]]
[[Категорија:Долна Македонија]]
[[Категорија:Визалтија]]
[[Категорија:Визалтија]]

Последна преработка од 01:57, 4 март 2023

Македонското кралство, непосредно по смрта на Филип Македонски, 336 гпне
Монети кои потекнуваат од Бизалтија, околу 475-465 гпне. Октадрахма (28.68 g)

Бисалтија или Визалтија — област во Античка Македонија по долниот тек на реката Стримон. Населението Бисалти живеело западно и источно од Стримон, област населена од Одомантите и Едонците. Според најстарото сведоштво кај Херодот, така се нарекува областа околу градот Аргила (западно од Струма).[1] Тукидид ја спомнува во контекст на освојувањата на македонскиот крал Александар I Македонски и проширувањето на државата до Стримон.[2]

Населението што живеело во Бисалтија се именувало како Бисалти. Нивното населување на источниот брег на Струма се случува, најверојатно, со освојувачките походи на Александар I Македонски во V в. пне.

Во областа се наоѓаат градовите: Берга, неидентификуваниот град Адријанопол, градот Евпорија (го спомнува Стефан Византиски) и др.[3]

По Македонско-римските војни по 148 година, Бисалтија ѝ припаѓа на првата мерида.

Денешна општина[уреди | уреди извор]

По областа е именувана и општината Визалтија во Серскиот округ, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Herodotus, 4 vols., Harvard University Press, 1960
  2. Thoucidides, 4 vols., Harvard University Press, 195
  3. Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957