Васил Василев: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Додадена категорија
с →‎Наводи: Додадена категорија
Ред 28: Ред 28:
[[Категорија:Македонски преселници во Варна]]
[[Категорија:Македонски преселници во Варна]]
[[Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет]]
[[Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет]]
[[Категорија:Починати во Софија]]

Преработка од 09:52, 20 јуни 2022

Васил Василев
Роден 1897
Починал ?
 ?

Васил Василев бил бугарски општественик со потекло од Македонија, еден од дејците на македонската емиграција во Бугарија.

Животопис

Васил Василев е роден во 1897 година во Емборе, тогаш во Отоманското Царство. Завршува трговска гимназија во Солун. Работи како банкарски службеник и кооперативен деец. Се вклучува во активностите на легалните македонски организации во Бугарија заедно со Крсте Велјанов, Јордан Чкатров и Симеон Евтимов. Долги години е претседател на македонската младинска организација во Варна. Во јануари 1923 година е избран за сојузен агитатор на централното раководство на Сојузот на македонските младински организации, а следната година - на Сојузот на македонските братство [1].

Во 1927 година влегува во Националниот комитет на македонските братство. По убиството на генералот Александар Протоѓеров во 1928 година, Наум Белев прави обид да го убеди дека македонските братство треба да излезат со осудна резолуција против Иван Михајлов. Васил Василев одбива и заедно со Константин Станишев, Велко Думев, М. Димитров застануваат против Георги Кулишев, кој ги поддржува протогеровистите. Направен е обид атентат врз него и двајцата телохранители на 15 октомври 1929 година [2].

Во 1929 година поднесува извештај за организационо-бегалските активност на VII редовен конгрес на сојузната организација. На истиот конгрес неговиот мандатот за член на НК е обновен и станува политички секретар на сојузот [3]

По 19 - то мајскиот државен удар од 1934 година е осуден на смрт, подоцна е помилуван [4] но е ликвидиран [5].

Наводи

  1. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 45 - 46.
  2. Гаджев, Иван. Иван Михайлов - отвъд легендите, Том I, УИ „Св. Климент Охридски”, София, 2007, стр.137, 138, 372.
  3. Гребенаров, Александър. Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918-1947), София, 2006, стр.148, 150, 207, 2014, 218, 220.
  4. Гаджев, Иван. Иван Михайлов - отвъд легендите, Том I, УИ „Св. Климент Охридски”, София, 2007, стр. 235
  5. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 46.