Јован Бабунски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с статијата е полна со глупости и треба да се исчисти од бугарски влијанија
Ред 1: Ред 1:
{{внимание}}

{{Биографија инфо
{{Биографија инфо
| име = Јован Бабунски
| име = Јован Бабунски

Преработка од 19:11, 29 јануари 2009

Јован Бабунски
Роден 1878
Мартолци
Починал 1920
Велес
Занимање Србомански Војвода и српски национален деец

Јован Стојковиќ Бабунски (1878, Мартолци - 1920, Велес) е србомански четнички војвода и борец против македонското национално ослободување. Прекарот Бабунски го добил по местата во кои делувал: планината Бабуна (особено селото Богомила)и реката Бабуна.

Образование

Јован Стојковиќ е роден во Велешкото село Мартолци во 1878 година. Основното образование го завршува во град Велес. По завршување на четирилетката, емигрира со семејството во Србија, во град Белград, каде што една година учи гимназија, а потоа се префрлува во богословско-учителско училиште наменето за Срби од Турција. Потоа образованието го продолжува во град Ваљево, каде што завршува нижа гимназија, па учителска школа во Ниш.

По завршувањето на учителската школа, преку српската националистичка организација “Свети Сава“ е испратен како учител на српската пропаганда во Тетово.

Воена дејност

Како агент на српската пропаганда во Тетово, а подоцна во градот Велес, Стојковиќ ги потикнувал граѓаните да вршат клевети и предавства над активистите на ВМОРО пред турските власти. Заради едно такво предавство извршено од страна на брат му, Георги Сугарев го ликвидира брат му, а после и татко му. После оваа казна на организацијата, Бабунски станал војвода на србоманска чета, и дејствувал во Поречјето и Велешко.

Соработувајќи со турските власти, бабунски успеал да создаде многу силна србоманска мрежа во областите во коишто е активен. Најблиски соработници му се Глигор Соколовиќ и Јован Долгачот.

Води серија битки против четите на Иван Алабакот, Биринчето, Стефан Димитров, Панчо Константинов и Георги Сугарев.

Кога во Турција бил извршен преврат во 1908 од страна на Младотурците, кои донеле Устав и општ мир, Бабунски прекинал со четништвото на определено време. Но откако извршува убиство на еден член на ВМОРО, Бабунски пак станува нелегален и успева да пребегне во Србија, од каде што во 1912 на чело на српската војска составена од елитни четници ја поминал балканската војна од Куманово до Битола.

Името на Јован Бабунски е сврзано со задушувањето на македонското Тиквешко востание, кога заедно со својата србоманска чета, и со војници од редовната српска армија на најѕверски начин прави масакар на невиното население во Тиквешијата.

Исто така се истакнува и во борбите на Солунскиот фронт во Првата Светска Војна, за што добил највисоки српски и француски воени одликувања. Умрел во 1925 година во Велес.

Одликувања

Носител е на повеќе српски и француски одликувања. Исто така, помеѓу двете Светски Војни, во негова чест бил подигнат споменик во Велес. Бабунски е опеан и во епот „Спремте се, спремте се, четници!“.

Надворешни врски