Борка Велески: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
мало дополнување со навод и додадени категории
Нема опис на уредувањето
Ред 30: Ред 30:
Во текот на 1941 па до септември 1942 година Велески учествува во многу акции на партизаните. Како командант на прилепскиот [[Велешки партизански одред „Димитар Влахов“|одред „Димитар Влахов“]], во мај 1942 станува познат како Горанов.
Во текот на 1941 па до септември 1942 година Велески учествува во многу акции на партизаните. Како командант на прилепскиот [[Велешки партизански одред „Димитар Влахов“|одред „Димитар Влахов“]], во мај 1942 станува познат како Горанов.


Во непријателската офанзива од [[14 септември]] [[1942]] година, првата чета на [[Велешки партизански одред „Димитар Влахов“|одредот „Димитар Влахов“]], со која бил и Горанов, е опколена на планината [[Мукос]]. Јуначки се борат, пробивајќи се од обрачот. Во таа борба многу партизани гинат. Бранејќи ја отстапницата додека партизаните се пробиваат, Горанов паѓа смртно погоден од митралески рафал. Убиен е од страна на бугарската војска и полиција во месноста Сечење, на планината Мукос.<ref name=":0">{{Наведена книга|title=Македонски историски речник|first=|last2=д-р Стојан Киселиновски и др.|first2=|publisher=ИНИ|year=2000|isbn=9989-624-46-1|location=Скопје|pages=99}}</ref>
Во непријателската офанзива од [[14 септември]] [[1942]] година, првата чета на [[Велешки партизански одред „Димитар Влахов“|одредот „Димитар Влахов“]], со која бил и Горанов, е опколена на планината [[Мукос]]. Јуначки се борат, пробивајќи се од обрачот. Во таа борба многу партизани гинат. Бранејќи ја отстапницата додека партизаните се пробиваат, Горанов паѓа смртно погоден од митралески рафал. Убиен е зааедно со шест свои соборци од страна на бугарската војска и полиција во месноста Сечење, на планината Мукос.<ref name=":0">{{Наведена книга|title=Македонски историски речник|first=|last2=д-р Стојан Киселиновски и др.|first2=|publisher=ИНИ|year=2000|isbn=9989-624-46-1|location=Скопје|pages=99}}</ref> По нивната смрт, телата на загинатите се однесени во Прилеп и јавно покажувани за полицијата да предизвика страв кај населението. Но телото на Горанов е скриено во Командантството.


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 21:46, 30 април 2022

Борка Велески
Роден 1912
Прилеп
Починал 14 септември 1942
Мукос

Борка Јованов Велески – Горанов (Прилеп, 1912 - Мукос, 14 септември 1942) — македонски комунист, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ. Бил прогласен за народен херој на 20 декември 1951 година.[1]

Помеѓу двете светски војни

Велески е роден во сиромашно семејство. Бил одличен ученик во основното училиште. Многу млад чита забранета политичка литература, поради тоа е исклучен од 7-ми клас на Прилепската гимназија. Се запишува на Воената школа во Нови Сад, но и неа не ја завршува па се враќа во Прилеп, каде се вработува во Монополот за тутун. Истовремено работи на одгледување тутун и е еден од организаторите на Здружението на производителите на тутун во Прилеп.

Во април 1938 година Велески е еден од предводниците на штрајкот на сезонските работници во монополот.[2] Штрајкувале повеќе од 1.500 штрајкувачи, барајќи подобрување на материјалната положба. Штрајкот имал делумен успех, но по месец дена на Велески му е затворена вратата за ново вработување. Обвинет е дека во говорите пред штрајкувачите внесувал „политичка содржина“. Затоа е уапсен, но наскоро и пуштен.

Последните две години пред Втората светска војна стекнува голем углед помеѓу граѓаните на Прилеп. Станува секретар на Здружението на произведувачи на тутун, преку кое произведувачите се борат за подобри откупни цени на тутунот. Велески бил повереник за откуп.

НОВ

Биста на Борка Велески - Левата во Могилата на непобедените

Пред Априлската војна, често е повикуван на воена вежба. Од 1940 година веќе е член на Комунистичката партија на Југославија.[3] Командата во која служел го открива и намерава да го предаде на Воениот суд.

По окупацијата, стапил во првата партизанска чета на Селечка Планина на 12 септември 1941 година. Бидејќи бил пешадиски командант, тој е војнички најподготвен партизан во четата. Обучува млади борци кои на 11 октомври го нападнаа Прилеп.

Во текот на 1941 па до септември 1942 година Велески учествува во многу акции на партизаните. Како командант на прилепскиот одред „Димитар Влахов“, во мај 1942 станува познат како Горанов.

Во непријателската офанзива од 14 септември 1942 година, првата чета на одредот „Димитар Влахов“, со која бил и Горанов, е опколена на планината Мукос. Јуначки се борат, пробивајќи се од обрачот. Во таа борба многу партизани гинат. Бранејќи ја отстапницата додека партизаните се пробиваат, Горанов паѓа смртно погоден од митралески рафал. Убиен е зааедно со шест свои соборци од страна на бугарската војска и полиција во месноста Сечење, на планината Мукос.[4] По нивната смрт, телата на загинатите се однесени во Прилеп и јавно покажувани за полицијата да предизвика страв кај населението. Но телото на Горанов е скриено во Командантството.

Наводи

  1. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 81
  2. Димитар Димески, „Штрајкот на тутунските работници во Прилепскиот монопол во 1938 година“, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, 41-42 (1988-89), 5–29 стр.
  3. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 256 стр.
  4. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 99. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)