Се викам Бојан и сум администратор на македонојазичната Википедија. Мој особен интерес се биологијата и другите природни науки, а и по некоја општествена. Можете да ме контактирате преку Skype: boyan_at_skype. По националност сум Македонец, што значи дека и припаѓам на гордата и непокорна македонска нација, која и покрај налетите од многу пропаганди (кои денес продолжуваат на ‘‘модерен‘‘ и ‘‘демократски‘‘ начин), еве, опстојува и ден денешен!
Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза (Извор: Никола Вапцаров ,,Реферат‘‘ ,1939)
Так в срцето македонско
да в‘згласим ниј борбата
срешту племе анадолско
да развием знамената
Нек покажем на турчина
на цинцарја и на грка
на б‘лгарина, на србина
и на всеки што ни брка
Че не ламптим за корони
за царштина и за слава
не штем да сме ниј барони
в македонската држава
Но се трудим да в‘ведем
братство, равенство, свобода!
трудим се да с‘здадем
љубов мила в народа!
Трудим се и верваме
че в борбата ште успеем:
надеждата не губиме
скоро песен ште запеем.
По моите сопствени студии на српско-бугарскиот спор, дојдов до убедување дека Македонците, како по својата историја, така и по својот јазик, се посебна народност. Значи, ниту се Срби, уште помалку Бугари, туку се потомци на оние словенски прадоселеници кои го населувале Балканскиот Полуостров веќе долго пред српската и бугарската инвазија и кои подоцна со ниту една од овие две нации не се измешале (Карл ХронDas Volksthum der Slaven Makedoniens, 1890 година).