Силјан Аврамовски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 37: Ред 37:
Управниот суд, постапувајќи по тужба изјавена од Силјан Аврамовски на ден 21 Април 2016 година, донел пресуда У-5 број 819/2015 со која тужбата на тужителот ја уважил и решението на комисијата за Верификација на фактите бр.07-1317/1 од 03 Октомври 2013 година, [[ја поништил.]]
Управниот суд, постапувајќи по тужба изјавена од Силјан Аврамовски на ден 21 Април 2016 година, донел пресуда У-5 број 819/2015 со која тужбата на тужителот ја уважил и решението на комисијата за Верификација на фактите бр.07-1317/1 од 03 Октомври 2013 година, [[ја поништил.]]


Вишиот управен суд со решение УЖ-3 бр.667/2016 година од 12 Декември 2016 година, жалбата на Комисијата за верификација издадена против пресудата на Управниот суд У-5 бр.819/2015 од 21 Април 2016 година , [[го отфрлил како недозволена.]]
Вишиот управен суд со решение УЖ-3 бр.667/2016 година од 12 Декември 2016 година, жалбата на Комисијата за верификација издадена против пресудата на Управниот суд У-5 бр.819/2015 од 21 Април 2016 година , [[ отфрли како недозволена.]]


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 18:17, 13 октомври 2021

Силјан Аврамовски
Министер за внатрешни работи
На должноста
2 јуни 2004 – 17 декември 2004
Претседател Хари Костов
Претходник Хари Костов
Наследник Љубомир Михајловски
Лични податоци
Роден(а) 10 април 1960
Скопје, СФРЈ
денес Република Македонија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Вероисповед Православен христијанин

Силјан Аврамовски (Скопје, 10 април 1960) — македонски полициски функционер. Во 2004 година бил министер за внатрешни работи на Македонија во владата предводена од Хари Костов[1].

Животопис

Аврамовски е роден на 10 април 1960 година во Скопје. Завршил Факултет за Безбедност во Скопје во 1983 година. По дипломирањето се вработува во МВР, каде што постепено напредувал, извршувајќи повеќе функции. Најпрво работел како приправник во испоставата на Службата за државна безбедност - Скопје, како инспектор во Карпош, а потоа како главен инспектор во Втората управа за спротивставување на меѓународен и внатрешен тероризам во Службата за државна безбедност.

Аврамовски потоа бил на функцијата помошник-началник на Втората управа за спротивставување на меѓународен и внатрешен тероризам во Службата за државна безбедност, а по оваа функција тој станал Началник на Управата за контраразузнавање во ДБК,како и помошник Директор за оперативни работи на Управа за безбедност и контраразузнавање.По повеќегодишна работа и напредување во ДБК и УБК, од 3 февруари 2003 Аврамовски ја вршел и функцијата Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Од 2 јуни 2004 до 17 декември 2004, Аврамовски бил Министер за внатрешни работи на Македонија[1][2]. Се служи со францускиот јазик.

Дознај повеќе

Комисијата за верификација на фактите на ден 03 Октомври 2013 години, неосновано и без никакви докази, донела решение бр. 07-1317/1 со кое утврдува дека лицето Силјан Аврамовски, кое е носител на функцијата началник на Прва управа на ДБК, бил наредбодавател и корисник на информации, во смисла на одредбите од Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на Државна безбеност.

Управниот суд, постапувајќи по тужба изјавена од Силјан Аврамовски на ден 21 Април 2016 година, донел пресуда У-5 број 819/2015 со која тужбата на тужителот ја уважил и решението на комисијата за Верификација на фактите бр.07-1317/1 од 03 Октомври 2013 година, ја поништил.

Вишиот управен суд со решение УЖ-3 бр.667/2016 година од 12 Декември 2016 година, жалбата на Комисијата за верификација издадена против пресудата на Управниот суд У-5 бр.819/2015 од 21 Април 2016 година , jа отфрли како недозволена.

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Поранешни министри за внатрешни работи“. Министерство за внатрешни работи на Македонија. Архивирано од изворникот на 2012-01-01. Посетено на 2010-02-04.
  2. Серафиновиќ, Миомир (13 мај 2004). „Сиљан Аврамовски нов министер за внатрешни работи“. А1. Посетено на 2010-02-04.
Политички функции
Претходник
Хари Костов
Министер за внатрешни работи на Македонија
2004
Наследник
Љубомир Михајловски