Уве Зелер: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Отповикано
Ознака: Рачно отповикување
Ред 30: Ред 30:
[[Категорија:Германски фудбалери]]
[[Категорија:Германски фудбалери]]
[[Категорија:Фудбалери на Хамбург]]
[[Категорија:Фудбалери на Хамбург]]
[[Категорија:Носители на Големиот крст за заслуги за СР Германија]]
[[Категорија:Носители на Заповедничкиот крст на Орденот за заслуги за СР Германија]]

Преработка од 13:10, 19 август 2021

Уве Зелер

Уве Зелер (германски: Uwe Seeler; 5 ноември 1936, Хамбург) — поранешен германски фудбалер, кој играл на позицијата напад. Во 2004 година Пеле го рангирал меѓу 125 најдобри фудбалери на сите времиња, но Уве Зелер поради неговиот принцип одбил да учествува во тој проект.

Клупска кариера

Уве Зелер започнал како играч на ФК Хамбург, наследник на неговиот татко Ервин Зелер. Дебитирал за првиот тим на Хамбургер со само 16 години во 1953 година на натпреварот против Гетинген. Бил познат по атрактивните голови, како и по добрата игра со глава имајќи висина од само 169 сантиметри.[1] Во Бундеслига постигнал 137 голови на 239 натпревари, а во европските клупски натпреварувања постигнал 21 голови во само 29 натпревари. Со наговиот клуб го освоил првенството на Германија во 1960 година и Куп на Германија во 1963 година. Со 30 голови бил је најдобар стрелец во првата сезона во Бундеслига 1963/64, а 3 пати бил прогласуван за најдобар играч на Германија: 1960, 1964 и 1970. Сезоната 1960/61 година заедно со својот брат Дитер, кој је исто така играл во Хамбург, стигнал до полуфиналето на Лига на шампиони каде Хамбург испаднал од Барселона. Сезоната 1967/68 стигнал до финалето Куп на победници на куповите каде Хамбург изгубил од Милан.[2]

Репрезентативна кариера

Статуа на десната нога на Зелер пред стадионот во Хамбург

Зелер со репрезентација на Германија дури 4 пати учествувал на Светското првенство: 1958, 1962, 1966 и 1970. На првенството 1958 година Германија завршила на 4то место, 1966 Германија дошла до финалето каде изгубила од Англија после спорниот погодок, а 1970 година завршила трета на првенството, за пласман во финале ги спречила Италија која ги победила во познатата „Утакмица на векот”. На првенствата 1966 година и 1970 година Зелер бил капитен на репрезентацијата. За репрезентацијата се вкупно одиграл 72 натпревари и постигнал 43 гола.

Трофеи

Хамбургер

Поединечни

  • Фудбалер на годината во Германија: 1960, 1964, 1970
  • Најдобар стрелец Бундеслига: 1963/64
  • Дел на тимот од Светскто првенство: 1966
  • ФИФА 100

Наводи

  1. „Seeler: Germany legend, Hamburg icon“. FIFA.com. 20 June 2013. Посетено на 14 October 2013.
  2. „Uwe SEELER“ (италијански). storiedicalcio.altervista.org. Посетено на 4 January 2015.

Надворешни врски