Раи: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎Видови на раи и таксономија: Изменето име на предлошка, replaced: Античките Грци → Старите Грци
 
Ред 23: Ред 23:
== Видови на раи и таксономија ==
== Видови на раи и таксономија ==

Раите се поделени во седум фамилии. Најголеми се [[Манта|мантите]], наречени и ѓаволски раи (од фамилијата ''[[Mobulidae]]''). Овие се пелагиски форми кои можат да тежат до 1360&nbsp;кг, со ширина од 7 m. За разлика од другите раи, мантите се исхрануваат со филтрирање на водата. [[Електрична раја|Електричните раи]] или торпеда (фамилија ''Torpedinidae'') имаат електрични органи на нивните крила кои генерираат електрично струење кое се користи за имобилизација на пленот, како и за одбрана. Електричниот поток е доволно силен за да го осетат луѓето, и веројатно Античките Грци ги користеле овие риби за [[шок-терапија]]<!-- Правописно е со цртичка:
Раите се поделени во седум фамилии. Најголеми се [[Манта|мантите]], наречени и ѓаволски раи (од фамилијата ''[[Mobulidae]]''). Овие се пелагиски форми кои можат да тежат до 1360&nbsp;кг, со ширина од 7 m. За разлика од другите раи, мантите се исхрануваат со филтрирање на водата. [[Електрична раја|Електричните раи]] или торпеда (фамилија ''Torpedinidae'') имаат електрични органи на нивните крила кои генерираат електрично струење кое се користи за имобилизација на пленот, како и за одбрана. Електричниот поток е доволно силен за да го осетат луѓето, и веројатно Старите Грци ги користеле овие риби за [[шок-терапија]]<!-- Правописно е со цртичка:
шок-терапија -->. Вистинските раи (''Rajidae''), кои некогаш се ловат како храна, живеат на дното и имаат речиси дисковидна форма на телата и кратки опашки; некои видови имаат електрични органи во нивните опашки. [[Боцкаш]]ите (''Dasyatidae'') имаат редови од боцки на нивните опашки кои инаку се многу подолги отколку нивните тела. Боцкашот задава рани на друг организам со замавнување на опашката; отровот кој се содржи во боцките може да е фатален за луѓето. Повеќето од [[Орлова раја|орловите раи]] и [[Лилјаковидна раја|лилјаковидната раја]] (фамилија ''Mylobatidae'') имаат само една отровна боцка на опашката. [[Гитареста раја|Гитарестите раи]] (''Rhinobatidae'') се ајкуловидни по форма, и поседуваат добро развиени опашки кои се користат за пливање и помали пекторални перки отколку повеќето раи; но, перките се прикачени, како кај сите раи, над жабрите. [[Пилоносна раја|Пилоносните раи]] (од фамилијата ''Pristidae'') се слични во телесната форма, но имаат долги и рамни рилки со редици од забовидни проекции на секоја страна. Некои видови достигнуваат вкупна должина од 6 m, со рилки долги 1,8 m и 30&nbsp;cm широки.

Последна преработка од 13:49, 14 август 2021

За граѓаните на Османлиското Царство, видете Раја (народ).
Раи
Пилоносна раја
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: ‘Рскавични риби
Поткласа: Плочестожабрени
Надред: Раи
Редови

Rajiformes - вистински раи
Pristiformes - пилоносци
Torpediniformes - електрични раи
Видете го текстот за фамилии.

Раи. едн. раја (науч. Batoidea) — надред ‘рскавични риби со многу зарамнето тело. Таа е роднина на ајкулата. Пекторалните перки на повеќето раи се развиени во широки, рамни и криловидни додатоци, прикачени од двете страни на главата. Животното плива со брановидно поместување на овие крила. Повеќето раи имаат тенки и камшичести опашки. Очите и спиракулумите се сместени на врвот на главата, а устата и жабрените цепнатинки се на долната страна. Многу раи живеат на дното на океанот, лежејќи како килими на него; други го населуваат пелагијалот (погорните водни слоеви). Оние раи кои живеат на дното дишат така што земаат вода низ спиракулумите (а не низ устата како повеќето риби), и ја пропуштаат низ жабрите. Раите се хранат со најразлични помали животни; цврстите, заоблени заби на многу видови се адаптирани за кршење на черупките на полжавите и школките.

Видови на раи и таксономија[уреди | уреди извор]

Раите се поделени во седум фамилии. Најголеми се мантите, наречени и ѓаволски раи (од фамилијата Mobulidae). Овие се пелагиски форми кои можат да тежат до 1360 кг, со ширина од 7 m. За разлика од другите раи, мантите се исхрануваат со филтрирање на водата. Електричните раи или торпеда (фамилија Torpedinidae) имаат електрични органи на нивните крила кои генерираат електрично струење кое се користи за имобилизација на пленот, како и за одбрана. Електричниот поток е доволно силен за да го осетат луѓето, и веројатно Старите Грци ги користеле овие риби за шок-терапија. Вистинските раи (Rajidae), кои некогаш се ловат како храна, живеат на дното и имаат речиси дисковидна форма на телата и кратки опашки; некои видови имаат електрични органи во нивните опашки. Боцкашите (Dasyatidae) имаат редови од боцки на нивните опашки кои инаку се многу подолги отколку нивните тела. Боцкашот задава рани на друг организам со замавнување на опашката; отровот кој се содржи во боцките може да е фатален за луѓето. Повеќето од орловите раи и лилјаковидната раја (фамилија Mylobatidae) имаат само една отровна боцка на опашката. Гитарестите раи (Rhinobatidae) се ајкуловидни по форма, и поседуваат добро развиени опашки кои се користат за пливање и помали пекторални перки отколку повеќето раи; но, перките се прикачени, како кај сите раи, над жабрите. Пилоносните раи (од фамилијата Pristidae) се слични во телесната форма, но имаат долги и рамни рилки со редици од забовидни проекции на секоја страна. Некои видови достигнуваат вкупна должина од 6 m, со рилки долги 1,8 m и 30 cm широки.

Размножување и распространување[уреди | уреди извор]

Оплодувањето е внатрешно кај раите. Повеќето се вивипарни, но вистинските раи несат зарамнети, правоаголни јајца, затворени во кожни черупки. Празните черупки од овој тип се наоѓаат на плажите и се познати како сиренини чанти. Повеќето фамилии на раи имаат космополитско распространување во тропските и суптропските морски води; некои се наоѓаат и во умерени и ладни води. Некои раи можат да живеат во соленкасти води и естуари, а пилоносците навлегуваат во слатите води (реки и езера).