Благој Јанков - Мучето: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Rescuing 1 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.8
Ред 34: Ред 34:
Исто така активно учествувал во подготовките за формирање на партиски организации за [[Радовиш]], [[Берово]] и [[Валандово]]. Бугарската фашистичка полиција ја открила неговата работа. Како илегалец најмногу се движел во [[Штип]] и неговата околина. Направил партиска база во селото [[Долани]], во својство на член на Обласниот комитет на [[КПЈ]]. Во една провала, полицијата извршила напад. Тогаш со Благоја бил и [[Славчо Стојменски]], кој во престрелката со полицијата бил убиен, додека Благоја, ранет, успеал да се извлече. Во многу тешки услови ја продолжил револуционерната работа. Бугарскиот воен суд го осудил на смрт во отсуство и издал потерница со награда за него.<ref name="херои"/>
Исто така активно учествувал во подготовките за формирање на партиски организации за [[Радовиш]], [[Берово]] и [[Валандово]]. Бугарската фашистичка полиција ја открила неговата работа. Како илегалец најмногу се движел во [[Штип]] и неговата околина. Направил партиска база во селото [[Долани]], во својство на член на Обласниот комитет на [[КПЈ]]. Во една провала, полицијата извршила напад. Тогаш со Благоја бил и [[Славчо Стојменски]], кој во престрелката со полицијата бил убиен, додека Благоја, ранет, успеал да се извлече. Во многу тешки услови ја продолжил револуционерната работа. Бугарскиот воен суд го осудил на смрт во отсуство и издал потерница со награда за него.<ref name="херои"/>


Во јуни [[1944]] година бугарскиот окупатор го открил неговото скривалиште, во домот на Спиро Захов во [[Струмица]]. Настанала нерамноправна борба на градските улици, во која Благоја херојски загинува.<ref>[http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7159956297&id=9&prilog=0&setIzdanie=21738 Реновирана спомен-куќата на Благој Мучето], „Нова Македонија“.</ref>
Во јуни [[1944]] година бугарскиот окупатор го открил неговото скривалиште, во домот на Спиро Захов во [[Струмица]]. Настанала нерамноправна борба на градските улици, во која Благоја херојски загинува.<ref>[http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7159956297&id=9&prilog=0&setIzdanie=21738 Реновирана спомен-куќата на Благој Мучето] {{Семарх|url=https://web.archive.org/web/20110928044904/http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7159956297&id=9&prilog=0&setIzdanie=21738 |date=2011-09-28 }}, „Нова Македонија“.</ref>


За народен херој на Југославија од Македонија е прогласен на 11 октомври 1951 година.<ref name="херои"/>
За народен херој на Југославија од Македонија е прогласен на 11 октомври 1951 година.<ref name="херои"/>

Преработка од 08:08, 11 август 2021

Благој Јанков - Мучето
Роден на {{{датум на раѓање}}}
Роден во {{{држава на раѓање}}}
Професија кројач

Член на КПЈ од 1938
Учество во војни {{{војна}}}

Народен херој од {{{народен херој}}}

Благоја Гане Јанков-Мучето (3 јуни 1911 - 4 јули 1944) — македонски комунист, учесник во НОБ.[1] Прогласен е за Народен херој на Југославија на 11 октомври 1951 година.

Биографија

Споменик на Мучето во Струмица

Рано детство

Благој Јанков - Мучето е роден во 1911 година во Струмица, во сиромашно работничко семејство. Неговиот татко бил Минчо Коцев кој починал кога имал четири години. Неговата мајка Кумјанија, како вдовица со две деца се омажила за Гоне Јанков по кое Благој го добил презимето Јанков.

Благој Јанков основно училиште завршил во Струмица, а потоа се запишал во струмичката гимназија. Додека бил во основното образование, често бил казнуван, побекогаш и парично, бидејќи зборувал македонски на училиште.[2] Но, по завршување на вториот клас, тој престанал со образованието по што започнал да го изучува кројачкиот занает. По изучувањето на занаетот, не можејќи да најде работа во Струмица заминал на печалба во Белград каде се вработил кај модниот шивач за машка и женска облека, Адолф Голгубер. Дење тој работел во работилниците, а ноќе и во слободно време интензивно читал социјалистичка и комунистичка литература.[2]

Активизам

Поради неговите активности, тој стекнал доверба и станал синдикален активист. Посебно бил добар организатор на штрајкови и излети. Уживал голем углед меѓу македонските печалбари во Белград. Во тоа време кај него созреала идејата за слободна Македонија. Во своите говори на состаноците на синдикалните организации, Благој Јанков започнал сè повеќе да се истакнува и затоа била забележан и од српската власт. Во Белград, во синдикална акција на растурање летоци со марксистичка содржина, за првпат бил уапсен во 1927 година, како опасен антидржавен бунтовник. Во белградскиот затвор Главњача бил мачен и одвраќан од револуционерната дејност. Од затворот излегол по шест месеци.[2]

По пуштањето од затвор, тој се вратил во Струмица. Во Струмица се ангажирал во организирањето на работничката класа и синдикати. Наишол на добар одзив од кројачките работници, организирал успешен штрајк кој сам го предводел и успешно го завршил. Полицијата повторно го прогонувала, а тој повторно отишол во Белград, но овој пат како член на КПЈ (1938). Со големо штрајкувачко и синдикално искуство, Мучето влегол во штрајкувачкиот одбор на Белград. Во една штрајкувачка демонстрација бил повторно уапсен од полицијата и одведен во затвор. Кога излегол од затворот станал член на реонскиот комитет на КПЈ на Белград.[2]

Со своето револуциенерно дело се афирмирал како истакнат комунистички борец, поради што станал член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Во тоа својство бил упатен за инструктор во источна Македонија. Исто така станал и организатор на првите спротивставувања на бугарската окупациска власт во Струмица во 1941 година.[2]

Исто така активно учествувал во подготовките за формирање на партиски организации за Радовиш, Берово и Валандово. Бугарската фашистичка полиција ја открила неговата работа. Како илегалец најмногу се движел во Штип и неговата околина. Направил партиска база во селото Долани, во својство на член на Обласниот комитет на КПЈ. Во една провала, полицијата извршила напад. Тогаш со Благоја бил и Славчо Стојменски, кој во престрелката со полицијата бил убиен, додека Благоја, ранет, успеал да се извлече. Во многу тешки услови ја продолжил револуционерната работа. Бугарскиот воен суд го осудил на смрт во отсуство и издал потерница со награда за него.[2]

Во јуни 1944 година бугарскиот окупатор го открил неговото скривалиште, во домот на Спиро Захов во Струмица. Настанала нерамноправна борба на градските улици, во која Благоја херојски загинува.[3]

За народен херој на Југославија од Македонија е прогласен на 11 октомври 1951 година.[2]

Наводи

  1. Младеновски, Симо (2009). Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 1. Скопје: МАНУ. стр. 634. ISBN 978-608-203-023-4 (1) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Народни херои од Македонија, Наша книга, Скопје, 1973 г., стр. 133-137
  3. Реновирана спомен-куќата на Благој Мучето Архивирано на 28 септември 2011 г., „Нова Македонија“.

Надворешни врски