Бабуна (река): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с →Надворешни врски: Отстранета непотребна категорија |
Rescuing 1 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.8 |
||
Ред 49: | Ред 49: | ||
}} |
}} |
||
'''Бабуна''' — река во [[Македонија]], десна притока на [[Вардар]]. Таа извира под врвот [[Солунска Глава]] на планината [[Јакупица]]. Има должина од 65 километри, а нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 612 км<sup>2</sup><ref> |
'''Бабуна''' — река во [[Македонија]], десна притока на [[Вардар]]. Таа извира под врвот [[Солунска Глава]] на планината [[Јакупица]]. Има должина од 65 километри, а нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 612 км<sup>2</sup><ref>{{Наведена мрежна страница |url=http://www.mzsv.gov.mk/ro/vardar-sredno-tecenie.pdf |title=- РИБОЛОВНА ОСНОВА ЗА “СЛИВ НА ВАРДАР - СРЕДНО ТЕЧЕНИЕ” ЗА ПЕРИОД 2011 - 2016. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. стр. 3-4 |accessdate=2014-05-14 |archive-date=2016-03-04 |archive-url=https://web.archive.org/web/20160304222649/http://www.mzsv.gov.mk/ro/vardar-sredno-tecenie.pdf |url-status=dead }}</ref>. Бабуна протекува јужно и југозападно од [[Велес]]. |
||
== Течение == |
== Течение == |
Преработка од 05:19, 11 август 2021
- За други значења на поимот Бабуна, видете на појаснителната страница
Бабуна | |
---|---|
Бабуна во близина на Велес | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Јакупица |
• координати | 41°42′6.8″N 21°26′38″E / 41.701889° СГШ; 21.44389° ИГД |
• надм. вис. | 1.720 м |
Устие | |
• место | Вардар |
• координати | 41°41′13.9″N 21°48′24.1″E / 41.687194° СГШ; 21.806694° ИГД |
• надм. вис. | 155 м |
Должина | 65 км |
Големина на сливот | 612 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Вардар → Егејско Море |
Бабуна — река во Македонија, десна притока на Вардар. Таа извира под врвот Солунска Глава на планината Јакупица. Има должина од 65 километри, а нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 612 км2[1]. Бабуна протекува јужно и југозападно од Велес.
Течение
Реката Бабуна извира на југоисточната страна на Мокра Планина под врвот Солунска Глава[2] и протекува помеѓу планинскиот масив Јакупица од левата и планината Бабуна од десната страна. Од своите извори на кои се наоѓаат прекрасните водопади во пределот над селото Нежилово тече во јужен правец до Богомила[2]. Оттука протекува во југоисточен правец со до селото Оморани од каде што свртува кон североисток сѐ до вливот во Вардар[3]. Бабуна има живописна клисуреста челенка, делумно клисуресто речно корито, мали водопади во нејзиниот горен тек. Се храни со вода од поголем број на притоки.[4]. Во своето течение долго 53 километри, прима неколку притоки, од кои најзначајни се десните притоки: Брезица, Изворска и Војничка Река[2]. Поради извонредната чистина на водата во Бабуна живеат повеќе видови риби како пастрмка, плашица, бојник, како и речни ракови, кои се често ловени во летниот период. Во долниот тек реката минува низ клисурата Пешти, каде што речните вирови се доста посетени од капачи преку летниот период.
Галерија
-
Горното течение на реката Бабуна, сликана од патот Богомила - Папрадиште
-
Клисурата Пешти на реката Бабуна
-
Долното течение на реката Бабуна во близината на клисурата Пешти
-
Преминување на Бабуна со дрво и јаже, 1915 г.
-
Скица на прсторот и положбата на земјиштето на проектиран мост на реката Бабуна, кај село Оморани, 1938 г.
Наводи
- ↑ „- РИБОЛОВНА ОСНОВА ЗА "СЛИВ НА ВАРДАР - СРЕДНО ТЕЧЕНИЕ" ЗА ПЕРИОД 2011 - 2016. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. стр. 3-4“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2014-05-14.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр. 138
- ↑ Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр. 129
- ↑ Миловој Гашевски, Основни хидрографски особености на главните притоки на Вардар во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979
Надворешни врски
- Бабуна (река) на Ризницата ?